ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери-Шидер: Собранието ќе продолжи да го одржува постигнатото и да се стреми да ги надмине прашањата за кои се потребни дополнителни реформи

May 5, 2021 14:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со европратеникот Андреас Шидер, ко-претседавач на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ и дел од тројцата европратеници задолжени за Дијалогот Жан Моне.

Претседателот Џафери изрази задоволство од можноста за средба со физичко присуство, со оглед на фактот што пандемијата оневозможи реализација на претходно предвидените активности, истовремено упатувајќи благодарност за неговиот досегашен придонес за унапредувањето на политичкиот дијалог во Собранието во рамките на Дијалогот Жан Моне. Ја поздрави и директорката на Канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт во Република Северна Македонија, г-ѓа Ева Елерајт, за унапредување на демократските процеси во нашето општество и во процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија. Тој ги информираше присутните за процесот на вакцинација, тековните собраниски активности со Европскиот парламент и за внатрешните консултации за Дијалогот Жан Моне меѓу претставниците на политичките партии застапени во Собранието. Притоа, ја  поздрави и соработката со Европскиот парламент која и во време на пандемија се одржува со несмален интензитет, што претставува јасен сигнал за поддршката на европската перспектива на земјата. Претседателот Џафери ја поздрави последната Резолуција на Европскиот парламент за напредокот на земјата, истакнувајќи дека Собранието ќе продолжи да го одржува постигнатото и да се стреми да ги надмине прашањата за кои се потребни дополнителни реформи.

Европратеникот Шидер нагласи дека одржувањето на физички средби меѓу парламентарците е неопходно за парламентарната демократија и изрази надеж дека во втората половина на годината, состаноците ќе можат непречено да се одвиваат како и претходно. Тој ја поздрави дистрибуцијата на вакцини во рамките на Ковакс системот, со укажување дека истата требало да биде дел од првичниот пакет на Унијата. Во поглед на застојот во евроинтеграцискиот процес поради проблемот со Република Бугарија, г. Шидер посочи дека тоа е во спротивност со европскиот дух и дека не треба да претставува пречка за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на Република Северна Македонија за членство во ЕУ.

Двајцата соговорници беа согласни дека, циркулирањето на нон-пејпери во европските кругови, со изнесување на погрешни аргументи и концепти за прекројување на границите во регионот на Западен Балкан кој беше сведок на немири пред неколку децении, треба да наиде на остра осуда во јавноста и дека Европската унија мора веднаш да реагира и да понуди конкретни патокази за земјите од Западен Балкан и нивната европска интеграција.

Next Post
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Двеста и шест милиони денари за девет општини преку МСИП за капитални проекти

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk