ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Трговските објекти ќе може да работат во една смена и ќе уплаќаат 2% од приходите во недела кои ќе се наменат за изградба на градинки, а работниците ќе добиваат 100% повисока дневница

May 5, 2021 12:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, гостуваше во емисијата „24 отворено“ на Телевизија 24, кадешто за актуелните прашаања поврзани со работничките права и работните односи дискутираше со претседателот на Сојузот на синдикати Дарко Димовски, претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров и претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Марјан Ристески.

Вицепремиерот Битиќи потенцираше дека во изминатите неколку години трипартитниот дијалог помеѓу синдикатите, организациите на работодавачи и Владата е подигнат на навистина високо ниво, се отвора широка дискусија за секое едно прашање важно за работниците и компаниите и се носат решенија коишо се во интерес на сите засегнати страни.

„Во кревко општество веројатно е проблематичен дијалогот и  тоа го немавме пред некоја година. Мислам дека сега треба да нагласиме дека трипартитниот дијалогот во Економско-социјалниот совет помеѓу синдикатите и работодавачите е на навистина високо ниво. Јас последниве 12-13 години ја следам политичката сцена, сметам дека овој дијалог никогаш не бил на ова ниво, а тоа може да го потврдат и претставниците на работодавачите и синдикатите. Буквално моментумот дека разговараме за секое едно легитимно право, дали е на работниците или на работодавачите и отвараме било која тема, дали е тоа системски закон за работни односи или е друг закон, сметам дека укажува дека се уште не сме дојдени до таму кај што би сакале сите да бидеме, а тоа е работниците навистина да ги уживаат привилегиите на работничките права, но и работодавачите од друга страна да се чувствуваат лагодно во нивното функционирање затоа што некој не наметнува дополнителни барања. Ние како Влада се обидуваме да направиме некој баланс помеѓу барањата на синдикатите и работодавачите. Морам да признаам дека сме на добар пат, се уште имаме пат да изодиме“, рече Битиќи.

Вицепремиерот како еден од примерите за креирање на најсоодветно решение преку дискусија го посочи решението околу „недела – неработен ден“.

„Ние околу Законот за работни односи, за „недела – неработен ден“, имавме навистина долга дискусија. Од првиот ден кога ја отворивме дискусијата за недела-неработен ден, кажавме дека тоа ќе биде направено на консултативен начин, помеѓу синдикатите и работодавачите, затоа што не можете да направите една системска промена, којашто бара промена во однесувањето на сите во општеството, а без притоа да ги прашате клучните чинители и затоа ние моравме, и за ова нема да се согласам дека отстапивме, моравме да осигураме дека во недела ќе има нормален животен процес на сите тие коишто нема да работат, а ќе имаат содржина со којашто нема да им се ускрати одредена услуга коишто тие би требало да ја добијат. Заедно со синдикатите и со Организацијата на работодавачи ги дефиниравме исклучоците за компании кои би работеле во недела. Ако отстапување е дека треба да има техничка поддршка за мобилната телефонија, јас велам, извинете ама тоа во 21 век не  можеме да го занемариме. Не можеме да им забраниме на нив да работат, исто така мора да има техничка поддршка во банка за кредитните картички, треба да им овозможиме на одредени угостителски објекти во туристичките места да работат“, објасни вицепремиерот.

Битиќи додаде дека со законското решение за „недела – неработен ден“ кое е поставено на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), е јасно утврдено кои се исклучоците за кои е дозволено да работат во недела, а по разгледување на сите коментари истото ќе биде предложено во собраниска процедура.

Нема да работат трговските објекти насекаде, на угостителските објекти ќе им се дозволи да работат во недела со одреден временски период, ќе им се дозволи според Законот за трговија на одредените дејности во трговија, во трговските центри, притоа морам да нагласам дека ќе се лимитира времето на работење, само во 1 смена од 10-18 часот, а притоа ќе плаќаат дополнително давачка за работењето во недела. Таа дополнителна давачка е до 2% од приходот заработен во неделата и таа давачка ќе оди наменски за градење на детски градинки. Дополнително, оние работници кои ќе работат во трговски центри, во недела, ќе добиваат 100% повисока дневница. Направивме еден модел заеднички во економско-социјалниот совет,  во којшто дозволивме и да се работи, затоа што мораме да се грижиме за економијата, но исто така работниците да си уживаат одредени права.

Вицепремиерот го дообјасни концептот пришто спомена дека во недела ќе биде дозволено да работат трговците поединци, коишто самите го дефинираат работното време и притоа самите ќе ги извршуваат работните обрвски.

Next Post

Заев-Спасовски: Досега реконструирани 55 објекти на МВР, современата инфраструктура - суштински предуслов за ефикасно работење

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk