ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Четири затворски и една условна казна за „Двојник“

May 5, 2021 15:31
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупна затворска казна во времетраење од шест години и десет месеци одреди Судот на тројца и условна казна од шесет месеци на четвртиот вработен во МВР за злоупотреба на службената положба, за случајот „Двојник“, за нелегално издавање пасоши на странски државјани.

Судот му одреди казна затвор од две години и три месеци за поттикнување на петтообвинетиот, кој призна вина на денешното рочиште пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Судијката Оља Ристевска, пред изрекување на казните посочи дека станува збор за кривично дело „злоупотреба на службената положба” за кое е предвидено максимална казна затвор до три години.

– Вработените во својство на службени лица во МВР треба да влеваат доверба на граѓаните, што дополнително ги прави отежнети околностите. Со издавањето на лажните патни исправи е загрозен и интегритетот на системот на издавање патни исправи, а исто така, нарушен е интегритетот и безбедност на државата, изјави Ристевска.

Судот ги прогласи за виновни за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување четворицата вработени во МВР, кои претходно признаа вина и им одреди казни затвор и тоа: казна затвор од две години и седум месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години за обвинетиот Денис Баруфи, казна затвор од две години и три месеци и забрана за вршење дејност и должност од десет години на Ален Личина, на Ѓорѓе Велков казна затвор од две години и мерка забрана за вршење дејност и должност десет години, додека на Фарук Биља, му одреди алтернатива мерка  условна осуда од шест месеци, која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од две години не го повтори делото, како и забрана за вршење дејност и должност во период од три години.

Судот на Раиф Мифтари, му одреди казна затвор од две години и три месеци за кривично дело поттикнување.

Сите петмина претходно пред судот признаа вина.

Случајот го води судијката Оља Ристевска, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова.

Обвинителката Спасенка Андонова, во завршен збор од Судот побара обвинетите да ги прогласи за виновни и притоа да ги земе во предвид сите олеснителни, како и отежнителните околности.

Бранителот на Денис Баруфи, претходно пред Судот рече дека се свесни за отежнителните околности, но оти преовладуваат олеснителните, тоа што е неосудуван, плаќа месечна издршка за малолетните деца, како и загрижувачката здравствената состојба.

Адвокатот на Ѓорѓе Велков, на судот му порача да ги има в предвид олеснителните околности, како што се неговата неосудуваност, тоа што живее во вонбрачна заедница и чека дете.

Бранителот на Ален Личина, пак, рече дека тој е татко на малолетно дете и живее во семејна заедница, со тешко болна мајка и побара од судот најблага казна.

Адвокатот на Фарук Биља, рече дека станува збор за несвесно случен настан и оти судот треба да ги има в предвид олеснителните околности, како што е татко на малолетно дете и живее во семејна заедница со тешко болни родители, како и неговата досегашна неосудуваност.

Бранителката на Раиф Мифтари, пред судот ги изнесе олеснителните околности, дека е татко на малолетно дете и чека второ дете, како и дека живее во семејна куќа и досега не е осудуван.

Судот, претходно ја раздвои постапката против обвинетата Наздрие Зековиќ, која од здравствени причини не беше присутна, а која преку својот бранител преднајави признание на вина.

Обвинетите Фарук Буки, Весна Колевска, Оливера Софрониевска, Бранислава Владичевска и Шемседин Јашари, рекоа  дека не се чувствуваат виновни за делото кое им се става на товар, по што постапката за нив беше раздвоена и продолжува на 7 мај годинава.

Во случајот обвинети се 11 лица, од кои десетмина вработени во Одделението за управни работи во МВР се товарат дека го сториле кривичното дело продолжена злоупотреба на службената положба и овластување, а едно лице е обвинето за поттикнување.

Според обвинението, во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година, биле издадени пасоши на 214 странски и еден македонски државјанин.

извор: МИА

Next Post

Филипче: Врвната нега која неуморно ја даваат акушерките во текот на пандемијата се одвива во континуитет

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk