ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Почнува комплетното реновирање на одделот за онкологија на Детската клиника

May 5, 2021 11:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Меморандум за реновирање на одделот за онкологија на Клиниката за детски болести потпишаа денеска генералниот директор на компанијата „Макстил“, Иван Бановски и директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова. Со потпишувањето на меморандумот почнуваат активностите за комплетно реновирање на одделот.

По повод потпишувањето на меморандумот, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека „Макстил“ е општествено одговорна компанија и знае што значи да се инвестира во здравствениот систем.

– Денеска одбележавме континуитет во оваа наша соработка кој почна со донација и на лична заштитна опрема и се што беше потребно за Инфективната клиника, донација за целосно опремување и реконструкција на единствената детска соба на Клиниката за неврохирургија. Минатата година целосно беше реконструирано одделението за неонатологија на Клиниката за детски болести, а ова денеска е еден многу значаен проект кој наскоро ќе почнат да го реализираат, рече Филипче и изрази благодарност.

Се реконструира, посочи министерот, единствениот во државата оддел за детска онкологија, каде се лекуваат најтешко заболените дечиња од малигни болести.

– Историски наназад тоа е оддел кој има експертиза, знаење, лекари, експерти, професори кои со години работат на ова поле, кои располагаат со најсовремена терапија. Благодарение на оваа донација инфраструктурата ќе биде средена според највисоките европски стандарди. Ова е еден многу значаен чекор. Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму, додаде Филипче.

Бановски рече дека ќе биде инсталиран целосно нов систем за вентилација и нов систем за технички гасови. Со оваа донација, појасни, на најмалите херои, на нашите дечиња кои се борат со најлошата болест ќе им обезбедиме подобри и подостоинствени услови за престој додека трае нивното оздравување, подобри услови на нивните родители кои се со тие дечиња и за целиот персонал кој се грижи за нивното оздравување.

– Оваа пандемија ни покажа колку е битна грижата за сопственото здравје и за здравјето на нашите најблиски. Токму затоа фокусот на „Макстил“ изминатата година кој продолжува и натаму е да помага, да вложува во здравјето на луѓето, односно да помагаме во јавното здравје. Не е ова прва донација од „Макстил“ на Детската клиника. Ветувам дека нема да биде ниту последна донација. Ќе вложуваме секаде каде навистина е потребно. Минатата година во декември „Макстил“ заедно со неговите волонтери го заврши целосното реновирање на одделот за неонатологија, кој е единствен таков оддел, а беше обезбедена и дополнителна опрема и апаратура. Продолжуваме да инвестираме во одделот за онкологија, бидејќи сметаме дека тој е од исклучително значење за Клиниката, рече Бановски.

Додаде дека вредноста на донацијата се состои во материјални добра и услуги, имаат буџетска цена од 150.000 евра, но со комплетното завршување на овој проект ќе ја знаат и точната вредност на инвестицијата.

Директорката на Клиника за детски болести, Аспазија Софијанова рече дека оваа донација и значи, а тоа што ќе биде направено ќе биде еден регионален центар за тие за кои болеста е толку неизвесна и претставува огромна енигма

 

– Постоењето на вакво одделение ќе не внесе во рамките на европско препознатлива Клиника, европско претпознатливи експертизи кои работат во лекување на малигните болести кај децата, рече д-р Софијанова и се заблагодари во име на целиот персонал на Клиниката.

извор: МИА

Next Post

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, побаравме од Комисијата за заштита од заразни болести да дозволи зголемување на групите

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk