ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Струмица – „Град на културата“ за 2021 година

May 5, 2021 16:23
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општината Струмица годинава ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“, одлучи комисијата по распишаниот Конкурс на Министерството за култра.

На Конкурсот беа пријавени општините Струмица, Тетово, Кавадарци, Велес и Дебар.

– По разгледувањето на петте пристигнати апликации, согласно приоритетите, критериумите и мерилата содржани во конкурсот, стручната комисија составена од вработени во Министерството за култура оцени дека сите пријави имаат солидно конципирана програмска содржина и внимателно дефиниран буџет и предложи, со богатата и разновидна програма и со буџетот проектиран со висок процент на самофинансирање, Струмица да биде општинaта – годинашен организатор на оваа значајна манифестација, информираат од Министерството за култура.

По тој повод денеска министерката за култура Ирена Стефоска заедно со градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневска потпишаа договор за финанисирање на манифестацијата „Град на културата“.

Општина Струмица во доставената апликација нуди квалитетна и богата културна програма, со содржини од сите дејности на културата. Сите настани кои ќе бидат дел од оваа манифестација се внимателно конципирани да го задоволат вкусот на сите посетители, од сите возрасти. Граѓаните на Струмица и сите љубители на културата и уметноста ќе може да проследат бројни активности од различни жанрови и со различна естетика, проекти преку кои се негува и традиционалното, но и современото творештво, а предвидено е учество на релевантни домашни и странски уметници. Општина Струмица ќе стави во функција бројни инфраструктурни и човечки капацитети со што ќе овозможи богата културна содржина во текот на целата година.

Како особено важен сегмент, информираат од Министерството за култура, во изборот на општина Струмица беше посочен и фактот што од вкупниот предвиден буџетот за реализација на програмата во висина од 15 милиони и 150 илјади денари, од Министерството за култура е побарано само 2 милиони и деветстотини и седумдесет илјади денари што претставува 19.6 проценти од вкупно предвидениот буџет. Со тоа, од страна на општина Струмица ќе бидат покриени останатите финаниски средства во висина од 80.4 проценти, со што во споредба со преостанатите поднесени пријави, општина Струмица ќе учествува со најголем процент со сопствени финаниски средства за реализација на програмата.

Во изработката на апликацијата биле вклучени сите установи од областа на културата во Струмица: Завод и музеј Струмица, Центарот за култура „Антон Панов“, библиотеката „Благоја Мучето“, во координација со општината.

Министерката Стефоска, се вели во соопштението, посочи дека да се биде носител на манифестацијата „Град на културата“ е навистина голема привилегија но, и одговорност. Таа изрази задоволство што сите пристигнати апликации покажале сериозна посветеност во изработката на програмите, но и одговорност и реални проценки во буџетските барања за финсирање на проектите. Посака успешна реализација на сите зацртани активности со што годинава драстично ќе биде зголемена културната понуда во Струмица. Беше посочено дека планираните активности од Програмата ќе се реализираат во согласност со донесените Одлуки за мерки за спречување на внесување и ширење на КОВИД-19, во кои се содржани Протоколите за работа на установите од областа на културата и другите правни и физички лица од областа на културата.

Манифестацијата „Град на културата“ иницирана од Министерството за култура, прифатена и поддржана од општините во државата започна да се реализира во 2004 година и од тогаш континуирано, општините учествуваат во културниот натпревар на идеи преточен со презентација на бројни јавни настани.

извор: МИА

Next Post

По две недели пауза ФФМ одлучи за претстојното коло да овозможи ПЦР-тестови и за Првата женска фудбалска лига

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk