ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Заев: Правевме се за час поскоро да ги обезбедиме вакцините

May 6, 2021 13:47
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во времето кога имавме сериозен предизвик од целата наша јавност, вклучително и опозицијата, но и сите други во државата, правевме напори на сите страни да обезбедиме вакцини. Со десетици фирми е разговарано. Плаќани се авансни гаранции. Авансот со кој во обезбедување на вакцината на „Синофарм“ прво се обидовме, секако дека е вратен, а деталите за тоа може да ги даде министерот за здравство, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинатско прашање за обвинувањата од опозцијата околу набавката на кинеските вакцини и враќањето на авансот што бил уплатен.

Верувам, посочи премиерот, дека постои постапка за декласификација на сите документи, и тоа треба да го знаат граѓаните.

– Цените се познати за сите во светот кои ги набавуваат вакцините, сите останати држави на европскиот континент и во соседството и во светот. Тие се истите цени и кај нас. Ако постои механизам за декласификација ние ќе го направиме тоа како Влада односно соодветните институции за да може министерот за здравство да ги објави сите детали. Имавме напори одредени аванси да се платат да се изгарантираат комплетно, но во меѓународното плаќање сето тоа се знае како се регулира. Ако се испорачаат нарачките, тогаш и плаќањето се спроведува. Тоа е само по себе доказ дека сме правеле се за час поскоро да ги набавиме вакцините, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања откако се вакцинираше на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

Потенцира дека може апсолутно да потврди дека одлуките не ги носи ниту правниот сектор на министерот Филипче, ниту министерот Филипче, ниту Заев, ги носи Владата согласно сите информации кои стојат на располагање, согласно соодветните моменти на набавки на вакцините.

– Верувам дека есенскиот период ќе имаме дури и поевтини цени на вакцините, затоа што ќе има уште поголема продукција на вакцините, но се досега што е набавено е во корелација или еднакво со сите други набавки на другите земји околу нас или во Европа, додаде Заев пред СЦ „Борис Трајковски“ каде што се вакцинираше против Ковид-19 со вакцина од кинескиот производител „Синофарм“.

извор: МИА

Next Post

Бектеши на состанок со еврокомесарот за економија Џентолини: Имплементацијата на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан е клучот за пост -ковид заздравување на економијата

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk