ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Доделени првите 11 грантови за жените од руралните средини со цел зајакнување и унапредување на нивната положба во државава

May 7, 2021 16:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпишани првите 11 од вкупно 250 договори за грант наменети за жените од руралните средини во вредност од 3.000 евра, со цел поддршка, зајакнување и унапредување на нивната положба во државава.

– Денеска 10 од вкупно 50 наши сограѓанки жени кои со својата работа учествуваат во развојот на земјоделството со својата сопствена иницијатива ќе добијат финансиски грант во висина од 180 илјади денари за набавка на опрема која ќе им помогне во нивните досегашни, но секако пред се идни активности, изјави премиерот Зоран Заев на доделувањето на грантовите.

Целта на ваквата мерка, како што додаде е поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство за подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство и достигнување на повисоки стандарди за подобрување на квалитетот на земјоделското производство и за намалување на трошоците во работењето.

Додаде дека земјоделството и производството на храна се шанса за успех, а пандемијата со вирусот КОВИД -19 уште повеќе била нагласена потребата од производство на здрава, квалитетна и разновидна храна.

-Грантот за руралните жени од мерката Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство е само една од повеќето мерки на МЗШВ за директна поддршка на индивидуалните земјоделки и земјоделци како што се се уште и грантот Млад земјоделец, како и поддршка за стартување на нов агробизнис. Од голема важност е и искористувањето на мерките од ИПАРД-Програмата кои се вистинска можност за осовременување на земјоделското производство, рече Заев.

Допонително информира дека следуваат повици за земјоделско земјиште, инвестиции, зелена нафта и за мерка од ИПАРД која ќе финансира инвестиции во рурални средини како сместувачки и угостителски капацитети, домови за стари лица, капацитети за обработка на дрво, пчеларство и други.

На настанот се обрати и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа кој соопшти дека за само една година се зголемил бројот на регистрирани жени и тоа за повеќе од 2.000, што според него е доказ дека ваквите мерки даваат резултат.

-Жените отсекогаш играле кучна улога во развојот на човештвото нивните вредни раце го одржуваат домаќинството, работат од утро до вечер на нивите фарми, полињата и пазарите, тие се вистински носители на животот на едно земјоделско семејство. Драго ми е што кај руралните жени расте самодовербата, стануваат се похрабри, тие се образовани и знаат како да го применат своето. Целта на оваа мерка е да се подобри социјалната реалност за оваа наша заложба зборуваат и фактите од нашиот единствен регистер на земјоделство и стопанство според кои бројот на регистрирани жени носители на земјоделски стопанства постојано расте. Среќен сум што наместо првичните 100 договори обезбедиме средства за сите жени кои аплицирале и ги исполниле условите да добијат финансиска поддршка, истакна Хоџа.

Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никола Бабовски рече дека жените со оваа мерка ќе станат носители на економскиот раст.

-Владата, Министеството и Агенцијата во партнерство со експертите и невладиниот сектор  првпат креираа мерка преку која овозможуваме половолни услови и можности жените да отвораат сопствени бизниси,  да работат и делуваат во средините во кои живеат. Жените повеќе не се само набљудувачи туку стануваат и носители на на економскиот раст, истакна Бачовски

Според раководителката на „UN Women“, Весна Ивановиќ, жените во рураните средини се клучни за постигнување на трансформативни економски и социјлни промени потребни, но за одржлив развој.

Со помош на грантовите жените од руралните средини ќе можат да набават опрема за винарство, опрема за производство на мед и производи од пчели, опрема за млин, калапи за сирење, машини за преработка и мелење месо и останата преработувачка опрема.

Потпишувањето на договорите за грант од Програмата „Рурални жени“ на МЗШВ беше спроведено од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

извор: МИА

Next Post

ЦУК: Честитка за 7ми Мај и организирано едукативно бојно стрелање со пиштол на Камник, а и како актвност за градење и подобрување на меѓучовечките односи

Shortcut

Најново

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk