ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Масовната вакцинација се одвива непречено а интересот секојдневно расте, можно е раздвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ, Г-7 ја дава нивната поддршка околу нашите преговори за членство

May 7, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Низ државата и вчера продолжи масовната вакцинација на населението, која, според Министерството за здравство се одвива непречено, а интересот за вакцинирање секојдневно се зголемува. Вакцина вчера прими премиерот Зоран Заев, а за денеска е најавено дека ќе се вакцинира и министерот за здравство Венко Филипче, кои постојано апелираат граѓаните да се пријават и да се вакцинираат. Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани.

Иако процесите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ досега течеа  заедно, Брисел би можел да ги раздвои и да ги почне пристапните преговори со Тирана, доколку продолжи бугарската блокадата на Скопје и не се најде заеднички прифатливо решение со Софија, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји.

Северна Македонија заедно со Албанија доби поддршка за отворање на преговорите за членство од министрите за надворешни работи на членките на Групата седум индустриски најразвиени држави (Г-7) кои ја потврдија нивната заедничка посветеност на безбедноста, економското закрепнување и европската перспектива на Западен Балкан, како клучна инвестиција за мирот и стабилноста.

Продолжуваат полемиките околу најавените реформи во образовниот систем од Министерството за образование и наука. Од една страна, ресорното министерство, со сите сили, се труди да го возобнови македонското образование, преку кое, согласно сите релевантни меѓународни истражувања, се произведуваат ученици кои се функционално неписмени. Со други зборови, тоа значи дека ние се соочуваме со луѓе кои завршуваат средно, па дури и високо образование – додипломски, можеби и магистерски студии, но истите сепак имаат тешкотии со она основното…Пишува Иван Дургутов.

Масовната вакцинација во спортската сала во Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово моментално  се одвива нормално. Секогаш за се имало скептици, така и за вакцинација која мора да се спроведе на поголем дел од населението, ако сакаме да се заштитиме себе си, другите и ако сакаме нашата земја да стане на здрави нозе неизолирана од останатиот свет, вели д-р Нуредини.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 13 Мај 2021 година (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

М. Миткоска

Next Post

Германија и Словачка бараат Скопје и Тирана заедно да ги почнат преговорите со ЕУ во јуни

НАЈНОВО

Најголемите кражби на уметнички дела и накит во историјата

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025
Трамп и Путин во Будимпешта

Рускиот специјален претставник на Кремљ, изјави дека Русија и САД се блиску до „дипломатско решение“ за војната во Украина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk