ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Д-р Нуредини: Потребна е поголема кампања и информации за важноста на имунизацијата и каде, како и на кој начин се одвива

May 7, 2021 10:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Масовната вакцинација во спортската сала во Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово моментално  се одвива нормално. Првите два дена имаше многу мал одзив. Но, вчера и завчера на дневна основа се вакцинираа од 70 до 80 % од пациентите кои имаат закажано термин. Во целиот процес на имунизација на населението потребна е поголема кампања и информации, за важноста на овој процес, каде, како и на кој начин се одвива.

„Првите два дена ни беше чудно зошто е толку мал одзивот. Можеби некој е скептик, можеби дел од тие што се вакцинираат се повозрасни жители па не ја прочитале смс пораката, можеби вината е кај нас што немавме доволно кампања, но во секој случај за да се избегнат во иднина ваквите проблеми потребна е постојана кампања и едукација за целиот процес на имунизација“, рече д-р Гзим Нуредини координатор на Ковид центарот при Клиничката болница Тетово.

„Секогаш за се имало скептици, така и за вакцинација која мора да се спроведе на поголем дел од населението, ако сакаме да се заштитиме себе си, другите и ако сакаме нашата земја да стане на здрави нозе неизолирана од останатиот свет“, вели д-р Нуредини.

„Тука не станува прашање за безбедноста на вакцините сите се со сертификат и сите носат корист, секоја вакцина е добра и дава попозитивни ефект кај тој организам во споредба со некој кој не примил никаква вакцина“, смета д-р Нуредини одговарајќи на прашањето која вакцина е најбезбедна.

Тој додаде дека процесот на вакцинација на здравствените работници од тетовскиот регион е при крај. Во меѓувреме состојбата со коронавирусот во тетовскиот регион се стабилизира. Се намалува притисокот врз болничките капацитети.

„Имаме моментално хоспитализирано 20 пациенти, 18 од нив се на кислородна подршка, а двајца не се, но и тие 18 немаат некои тешки симптоми, за разлика од пред еден месец кога имавме хоспитализирано 40 пациенти сите со тешки симптоми. Значи состојбата се стабилизира, дава надеж, имаме деновиве многу испис на пациенти. Сето ова ќе доведе утре или задутре едно одделение од Интерното каде сега се лечат Ковид пациенти да се врати на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, како што беше порано. Тоа значи олабавување на болничките капацитети, а со тоа и ослободување на лекарскиот кадар кој постојано беше зафатен со КОВИД пациенти. Сега тој кадар може да им посвети внимание на пациентите со други заболувања“, соопштија од Клиничката болница Тетово.

Со пуштањето во употреба на модуларната болница се очекува сите привремени ковид одделенија да се затворат и лечењето на пациенти позитивни на вирусот со потешки симптоми да се одвива во монтажниот објект, кој е целосно изграден, а се чека да се постави уште централен систем на кислород.  

Зоран Димовски 

Next Post

Совет на амбасадори: Загрижени сме од најавите на Вархеји за можно одвојување на Албанија и С Македонија во преговорите

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk