Центарот за европски истражувања и анализи ЕУРОПРОСПЕРА, по повод 9-ти Мај –
Денот на Европа, ќе организира панел дискусија на тема “Дваесет години по потпишувањето на Рамковниот договор: Република Северна Македонија и патот кон Европската унија.”
Модератор на настанот е Александра Димовска, извршна директорка на Центарот за
европски истражувања и анализи ЕУРОПРОСПЕРА. Како панелисти ќе учествуваат г-дин Артан Груби – Прв Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Џабир Дерала – Претседател на Здружение на граѓани ЦИВИЛ –
Центар за слобода Скопје и г-дин Џелал Хоџиќ – Заменик директор на Агенција за остварување на правата на заедниците (АОПЗ).
Настанот ќе се одржи на 09.05.2021 (недела), со почеток во 10:00 часот, во просториите на МладиХаб, на ул. Димитрие Чуповски 7, 1000 Скопје. Со големо задволство ве покануваме медиумски да го проследите настанот. Поради почитувањето на протоколите, ве замолуваме да ни го потврдите вашето присуство на
следниот емеил [email protected]