ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Eврокомесарот ја протна идејата да се поттурнат преговорите со Албанија

May 8, 2021 09:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Kомисија предложи дека е можно Албанија да ги почне преговорите за членство во ЕУ, а соседна Северна Македонија да почека поради спорот со Бугарија

Оваа можност, навестена од комесарот за проширување Оливер Вархеји, е мошне контроверзна, бидејќи официјалните претставници на ЕУ сметаат дека Северна Македонија направила поголем напредок кон стандардите на ЕУ отколку Албанија.

На идејата ѝ се спротивставуваат и други претставници на ЕУ и многу земји членки, вклучително и клучни играчи како Германија. На неодамнешниот состанок на амбасадорите на ЕУ на кој се разговараше за Балканот, ниту еден од 10-те пратеници што учествуваа во разговорот не ја спомена оваа идеја, вели еден дипломат.

Сепак, посочувајќи ја опцијата, Вархеји ја оживеа дебатата за проширувањето на ЕУ, за кое се смета дека е во застој на Западниот Балкан. Ова ги разгоре стравовите кај официјални претставници и дипломати дека влијанието на ЕУ врз нејзиното соседство слабее, како и дека празнината може да ја пополнат Русија и Кина.

Документ од дипломатската служба на ЕУ, поделен пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ в понеделник кога ќе се разговара за Западен Балкан, предупредува дека „луѓето во регионот се длабоко разочарани од процесот на проширување“ и дека „впечатокот дека ЕУ задоцнила со испораката на вакцини против Ковид-19 дополнително го зголеми разочарувањето“.

Таканаречениот нон-пејпер, во кој „Политико“ имаше увид, вели дека „силното присуство на ЕУ е најдобриот начин да се спречи Западниот Балкан да се изгуби“.

Но, регионалниот впечаток за ЕУ тешко дека ќе се подобри во ситуација кога високи претставници на Унијата отворено не се согласуваат како треба да се постапи во врска со Северна Македонија и Албанија.

Владите на ЕУ дадоа зелено светло за преговорите со двете земји пред повеќе од една година, но ѝ порачаа на Албанија дека мора да спроведе подемократски реформи пред да може да ги почне преговорите.

Минатиот ноември, Бугарија го блокира почетокот на преговорите со Северна Македонија поради спор поврзан со јазикот и историјата.

Раздвојувањето се негира

Вархеји, комесар на Унгарија во Брисел, изминатава недела во изјава за телевизијата „Еуроњуз“ ја протна идејата за „раздвојување“ на двете апликации за членство. Ова наиде на остри реакции кај другите официјални претставници на ЕУ, кои инсистираа дека тоа е непромислено и неиздржано и не е направен план да се оствари.

За да се оствари, раздвојувањето ќе мора од сите земји членки на ЕУ да добие поддршка – која во моментов очигледно ја нема. Во петокот, германскиот министер за Европа, Михаел Рот, јасно стави до знаење дека Берлин не го дели ставот на Вархеји и рече дека и Северна Македонија и Албанија треба да започнат преговори во јуни.

„Обете земји ги исполнија ветените реформи – сега и ЕУ мора да го исполни ветеното. Дополнителното одложување го поткопува кредибилитетот на ЕУ и стабилноста во регионот“, напиша тој на Твитер, покрај видео клипот на Вархеји кој го изнесе својот став.

Словачкиот министер за надворешни работи, Иван Корчок, изјави дека во „веродостојната политика на проширување на ЕУ“ веќе треба да нема „вето во Советот“ – што очигледно се однесуваше на бугарската блокада.

Владата на Северна Македонија, исто така, истакна дека не е импресионирана од потегот на комесарот. „Мојата земја ги исполни сите услови што ѝ беа поставени, во согласност со европските вредности, како што постојано потврдуваше и самата Комисија“, рече вицепремиерот Никола Димитров.

„Прашањето на Северна Македонија е тест за кредибилитетот на ЕУ ​​на Западниот Балкан“, додаде тој. „Дали ЕУ ќе ги исполни своите ветувања?“

Вархеји, сепак, се чини дека останува на својот став. На брифинг со новинарите во петокот, портпаролката на комесарот, Ана Писонеро, го повтори неговиот став дека раздвојувањето може да биде опција.

„Точно е дека тој посочи дека, се разбира, доколку не постои договор по прашањето на Северна Македонија, тоа може да биде нешто што може ќе треба да се разгледа“, рече таа, истакнувајќи дека одлуката е „целосно во рацете“ на земјите членки во Советот на ЕУ.

Но, иако во моментов многу членки на ЕУ се против раздвојување, некои дипломати предвидуваат дека ЕУ може ќе мора да се премисли ако не се постигне договор што ќе ја отстрани бугарската блокада. „Тоа што е јасно е дека раздвојувањето не е опција сега, а допрва ќе видиме“, рече еден дипломат.

извор: МИА

Next Post

Нема да дозволиме зголемување на цената на струјата

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk