ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нема да дозволиме зголемување на цената на струјата

May 8, 2021 09:30
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски порачува дека во јуни или јули годинава нема да дозволат зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар.

-РКЕ вообичаено во јуни или во јули ги носи своите одлуки за цени на  електрична енергија, но ќе ги преземе сите механизми  кои и се на располагање, можеби ќе излезе и од своите законски надлежности пропишани во Законот за енергетика и нема да дозволи зголемување на цената на електрична енергија, вели Бислимоски во интервју за МИА што подоцна ќе биде објавено во целост.

Во нашите одлуки за цени, нагласува, влијаеме на крајната цена со 38 проценти, односно само на цената за пренос и за дистрибуција на електрична  енергија, а на 52 проценти не можеме да влијаеме.

-По започнувањето  со либерализацијата на пазарот на електрична енергија од 1 јануари 2019 година, РКЕ повеќе не ја определува цената на ЕСМ и Универзалниот снабдувач – ЕВН Хоум на тендер ги набавува потребните количини кои сега во најголем дел се однесуваат за домаќинствата. На тој тендер во 2021 година ЕСМ е должна да понуди 70 проценти од потребите на овие потрошувачи. При тоа нема гаранција дека ќе биде откупена таа електрична енергија доколку останатите трговци со електрична енергија понудат пониска цена. На тој дел – набавката на електрична енергија апсолутно не можеме да влијаеме, а тоа е околу 43 до 44 проценти, потенцира Бислимоски.

Исто така, вели, не можеме да влијаеме и на трошокот за обновливи извори.

-Сите фотоволтаици, мали хидроелектрани, биогасни електрани кои се изградија во нашата држава се изградени со така наречена фидин тарифа и сите тие  имаат гаранција дека операторот на пазарот на електрична енергија во период  од 15 до 20 години, во зависност од кој тип на обновлив извор станува збор, има обврска да им ја откупи таа електрична енергија по фидин тарифа, односно по гарантира цена. Потоа, целиот трошок за откуп од обновливи извори на енергија се префрла на крајните потрошувачи врз основа  на карактеристиките на овие обновливи извори, прецизира Бислимоски.

извор: МИА

Next Post

Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk