Во однос на прашањето со Бугарија, министерот за надворешни работи Османи вели дека е веднаш по формирањето на тамошната Влада ќе бара одржување на Меѓувладината комисија која што произлегува од Договорот за пријателство и добрососедство. Целта на таа Комисија, како што посочи, е да направи објективна проценка на степенот на негова имплементација.
-За жал, засега шпекулациите во однос на динамиката на имплементација беше една од основните дебати. Па испраќање на меморандуми до земји членки дека ние не го исполнуваме договорот. Тој што треба да каже дали се исполнува е оваа меѓувладина Комисија, вели Османи.
Инсистирал, како што кажа, да се одржи состанок на којшто точно ќе се направи проценка што е имплементирано од Договорот со Бугарија.
-Сметам дека е во наш интерес, бидејќи не бегаме од одговорностите на договорот да ја направиме таа објективна проценка. И затоа уште од првиот ден (на новата бугарска влада) ќе инсистирам да се одржи Меѓувладината комисија, да се направи проценката на динамиката на имплементациија, да се усвоји Акцискиот план, изјави Османи.
извор: МИА






