Самата номинација за мене беше голема работа, а наградата е веќе огромна. Чест ми е што бев дел од тоа друштво, голема благодарност до Delegation of the European Union, Skopje , особено до сите оние кои кликнаа на мојата слика, ви благодарам и за целата поддршка што ми ја давате цело време, што сте со мене и што сте ми ветер во грбот, напиша на Фејсбук Денис Јанкулоски.
Најголемата благодарност, најголемата заслуга, најголемото „без тебе ова немаше да биде“ се знае кај оди – Biljana Jankulovska, вели тој
„Ве сакам, ве гушкам и се надевам на што побрзо гледање, гушкање и пеење да почасти европеецов “, стои во статусот на Космонаутко