ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Промовиран проектот за уредување на Бислимска клисура, кумановско

May 9, 2021 13:51
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска го промовираа проектот „Уредување и валоризација на спортско рекреативен еко-центар Бислим“.

Спортистите и рекреативците имаат можност да користат кајаци, велосипеди, мотоцикли. Бислимска клисура на овој начин станува атрактивно туристичко место за љубителите на алтернативниот, авантуристички туризам.
Набавката на опремата ја обезбеди Швајцарската амбасада, Министерството за локална самоуправа, инвестирани се скоро осум милиони денари. Опремата преку „ЛАГ Абер 2015“ ја даде на стопанисување на „Вертикал травел“ од Скопје, кои преку „Оutdoor adventure Macedonia „ќе понуди опрема за активности и услуги за спортистите и рекреативците.

– Ние како Министерство, заедно со швајцарската амбасада набавивме 15 опремени кајаци, коишто можат да ги користат лицата со посебни потреби, набавени се по осум машки и женски велосипеди, шест електрични велосипеди и два мотори со погон на четири тркала, дополнителна опрема која ќе се користи за разновидни содржини, велосипедизам, алпинизам, изјави Милевски.

Тој смета дека овој неискористен потенцијал за развој на туризмот ќе поттикне нови инвестиции и во селото Пчиња и во поширокиот регион, ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи и од државата и странство, ќе се развие и локалната економија.

Амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер, истакна дека ова е едно од најубавите места на северот од земјата, чија природа, бои, капри, река пленат со убавина и изрази задоволство што амбасадата како партнер учествува во промоција и развој на Бислимска клисура.

– Мошне сум задоволна и горда што во изминативе неколку години соработката со Министерството за локална самоуправа навистина напредна и е прекрасно искуство во моментов. Благодарност и до градоначалникот на Куманово за подготвеноста вакви иницијативи и да го поддржува понатамошниот развој на Бислисмска клисура, изјави Зутер.

Бислисмка клисура нуди и патеки за искачување по капри, а важна е за целиот североисточен регион.

– Нашата цел како општина и како североисточен регион е да го искористиме потенцијалот на Бислимска клисура за развој на туризмот, рече Димитриевски.

Тој се заблагодари на амбасадата и на министерството за поддршката и најави поддршка за ентузијастите кои го промовираат ова место.

Голем број рекративци, велосипедисти, професионалци, спортисти, денеска ја посетија клисурата. Дел од нив се качуваа на карпите, други возеа по стрмните патеки, а поголем дел беа семејства кои уживаа во прошетките на ова туристичко место.

Next Post

Заев: Вечна слава на сите кои ги дадоа своите животи во борбата против фашизмот, низ која се издигна и македонската државност, водена од начелата за правда, солидарност и еднаквост

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk