Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) денеска го одбележа Денот на Европа со симболично искачување на Водно од нејзиниот директор Марко Ѓоргиевски, вработените и млади европски амбасадори.
– Покрај убавата дружба, сите заинтересирани можеа да земат промотивни материјали преку кои ќе се информираат за можностите што ги нуди образовната програма Еразмус+. Овој ден ги славиме европските вредности, слобода, еднаквост, инклузија и заедништво, се она што, всушност, претставува Европа, соопшти Агенцијата со повик да продолжиме да ги практикуваме европските вредности.
извор: МИА