Нашите граѓани немаат што повеќе да направат, што повеќе да придонесат, што повеќе да жртвуваат за европскиот сон, поради тоа што ги направивме сите потребни и непотребни компромиси, вклучително и најапсурдните, за да заслужиме членство во европското семејство. Затоа сега е ред на Европската Унија, порача првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓи заедниците Артан Груби.
Министерот за здравство Венко Филипче очекува дека со сите вакцини што треба да пристигнат во земјава, до крајот на летото ќе се постигне колективен имунитет. Во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека сите вакцини се безбедни и нема потреба граѓаните да преферираат една наспроти друга вакцина.
По повод 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнз и претставници на Сојузот на борци се поклони пред споменикот подигнат во чест на петмина американски пилоти, во село Вратница, тетовско. Вечна слава на сите кои ги дадоа своите животи во борбата против фашизмот, низ која се издигна и македонската државност, водена од начелата за правда, солидарност и еднаквост, вели Премиерот.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, од денеска започнува европска работна агенда која опфаќа работни посети на Брисел, Мадрид и Атина. Во седиштето на Европската Унија во Брисел, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, премиерот Заев ќе оствари повеќе работни средби.
Самата номинација за мене беше голема работа, а наградата е веќе огромна. Чест ми е што бев дел од тоа друштво, голема благодарност до Delegation of the European Union, Skopje , особено до сите оние кои кликнаа на мојата слика, ви благодарам и за целата поддршка што ми ја давате цело време, што сте со мене и што сте ми ветер во грбот, напиша на Фејсбук Денис Јанкулоски.
М. Миткоска