ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кумановци шест години по „Диво насеље”: Да не се повтори и да не се заборави

May 9, 2021 09:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска се навршуваат шест години од оружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ во која загинаа осум припадници на безбедносните сили. Куманово се сеќава на 9 и 10 мај 2015-та година. Жителите на населбата „Тоде Мендол“ или популарното „Диво насеље“, денеска веќе живеат нормален живот исполнет со предизвици предизвикани од пандемијата и тековните животни радости и проблеми. Во уличката каде се водеа борбите остана да сведочи  една куќа која сè уште има вдлабнатини од куршумите. Останатите куќи веднаш по настанатите, беа реконструирани.

– Соживот имаше и пред и по настаните од „Диво Насеље“. Одевме на свадби, семејни веселби, ќе продолжиме да одиме штом заврши пандемијата, но тоа што се случи не смее да се заборави, сепак, соживотот во нашата мултиетничка средина мора да продолжи. Нашите татковци живееле заедно, ние, а во иднина и нашите деца-велат граѓаните на „Диво Насеље“.

Тоа утро на 9-мај 2015 година, никој од кумановци нема да го заборави, секој со својата приказна. Пукотниците се слушаа од раните утрински часови, во тој дел од Куманово се гледаше густ црн чад. Дел од „Трета МУБ“ целосно беше затворен за сообраќај. Жителите кои живеат накај „Тоде Мендол“ раскажуваа дека почнала војна. Хеликоптери го надлетуваа Куманово, работници не можеа да отидат на работни места. Градот занеме. Овој трагичен настан во кој животите ги загубија осум припадници на македонските безбедносни сили ги длабоко ги вознемири кумановци. Граѓаните и наредниот ден слушаа рафали, се гледаше црн чад. Престрелките со различен интензитет траеја 28 часа.

Во оружената престрелка покрај осумтемина припадници на полициските сили, беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

Два дена градот живееше во неизвесност и страв. Исклучително трагичниот настан засекогаш ќе остане во сеќавање на кумановци.

Денеска, во Соборниот храм „Свети Никола“ во организација на група бранители од Куманово ќе се одржи панихида во чест на осумте загинати припадници на безбедносните сили, Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст.

За настаните во „Диво насеље“ од февруари 2016 година во Кривичниот суд се водеше судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „Терористичка организација” и „Тероризам”. Сите 29 обвинети за кумановските случувања пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Случајот подоцна се спои со „Молња“ во кој се водеше постапка против осум лица помагачи на вооружената група од „Диво насеље“, со што бројот на обвинети се зголеми на вкупно 37.

Од 37 обвинети за тероризам и терористичка организација, 33 лица беа осудени за делата, а за четири лица е донесена ослободителна пресуда.

Кривичниот суд во ноември 2017 година на казна доживотен затвор осуди осуммина обвинети за терористичкиот напад во кумановско „Диво насеље“, а 13 обвинети добија казна од 40 години затвор.

На казна затвор од 20 години се осудени петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години.

Пресудите подоцна ги потврди и Апелацискиот суд во Скопје.

извор: МИА

Next Post

Ѓуровска: Разумно решение за ЕУ е С Македонија да напредува во евроинтеграциите, а билатералното прашање со Бугарија паралелно да го решава

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk