ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

„Фич“: Кредибилната политика на Народната банка резултира со ниска инфлација и финансиска стабилност

May 10, 2021 11:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската економија се карактеризира со ниска инфлација и финансиска стабилност како резултат на водењето кредибилна финансиска и макроекономска политика, конзистентни со стратегијата на стабилен курс на денарот во однос на еврото. Денарот е стабилен и на долг рок нема фактори коишто би влијаеле на нарушување на неговата стабилност.

 Банкарскиот сектор има силна основа и покажа отпорност во пролонгирани периоди на политичка несигурност и во текот на значајни економски шокови, вклучително и во текот на пандемијата на корона-вирусот. Со намалувањето на основната каматна стапка, Народната банка обезбеди ликвидност којашто овозможи поголема кредитна поддршка за економијата. Се очекува монетарната политика да остане олабавена и во текот на следната година.

Ова, како што соопшти Нардна банка, се дел од оцените и заклучоците во најновиот извештај на рејтинг-агенцијата „Фич“ за С Макеоднија, во кој Агенцијата ја дава својата кредитна анализа.

Во однос на домашната валута, во извештајот на „Фич“ се нагласува дека де факто фиксната врзаност на денарот со еврото е добро поставена и дека одговорот на Народната банка во изминатиот период од отпочнувањето на корона-кризата наваму е во согласност со политиката на избегнување девизни притисоци.

Во Извештајот одделно е нагласена значајноста на монетарното олабавување од март минатата година наваму, заради засилената кредитна поддршка за реалниот сектор. Истовремено, се оценува дека инфлациските притисоци остануваат умерени, имајќи ја предвид и стапката од 2,1% на годишно ниво во март.

–Очекуваме монетарната политика да остане олабавена во текот на 2021-2022 година, со оглед на политиката на Европската централна банка, напоменуваат од „Фич“.

Во Извештајот е нагласено и дека во изминатиот период, банкарскиот сектор не доживеа притисок врз ликвидноста, кредитната активност продолжи, а фундаментите останаа силни. Системот е соодветно капитализиран и профитабилен, сметаат од „Фич“. Истовремено, нагласуваат дека нефункционалните кредити се намалија на 3,4% на крајот на 2020 година, во споредба со крајот на 2019 година, кога тие беа на ниво од 4,6%.

извор: МИА

Next Post

Кардула со кириличен фонт „Крушево“, слободен за симнување

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk