ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Толпи кучиња скитници во секое тетовско маало, потребен е регионален пристап за решавање на проблемот

May 10, 2021 16:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Толпа од бездомни животни прегладнети, а поради тоа и агресивни преминуваат една од најфрекфрентните делници во градот, сеејќи страв кај граѓаните и загрозувајќи ја безбедноста на возачите.

„Кучињата скитници се насекаде низ градот, дури ги има и на излетничките места. Нивната бројка никако да се намали. Мора да се третираат, не да се уништуваат како на времето со шинтерска служба и тие имаат душа. Мора да се преземат посериозни чекори, затоа што страдаат и луѓето и самите кучиња. Има речиси секој ден напад од куче скитник, кој пријавува кој не пријавува. Дел од граѓаните се револтирани па ставаат отрови на јавните површини, па голем дел од кучињата скитници завршуваат фатално, што во секој случај не е за оправдување“, вели една загрижена тетовчанка.

Во полициските билтени речиси секој ден се евидентираат напади од кучиња скитници, голем дел од граѓаните кои се нападнати ја тужат општината, но поголем дел од случаите завршуваат спогодбено, па локалната власт исплаќа отштета на оштетените граѓани.

„Секој кој е нападнат од куче скитник може слободно да тужи, да бара отштета, знаеме дека тоа нема да ја надокнади штетата на граѓаните кои се нападнати, но ние како локална самоуправа толку можеме. Преземаме чекори за згрижување на овие бездомни животни кои многу ги има во градот“, истакнаа од Општина Тетово.

Бројката на кучиња скитници во Тетово е голема, иако во градот веќе трета година се третираат овие бездомни животни. Пред два месеци третиот тендер за згрижување и третирање на уличните кучиња го доби ветеринарна амбуланта „Дог енд Кет“, која ги доби и претходните два тендери. Според амбулантата, сумата која Општина Тетово ја одвоила за третиот тендер е малку поголема, па се очекува ублажување на проблемот.

„Претходно за двата тендери добивме мала сума, имаше пауза меѓу нив, па така за време на таа пауза повторно се појавија многу кучиња скитници. Сега за третиот тендер кој што го добивме имаме поголема сума од околу 2 милиони денари, па очекуваме подобрување на состојбата која целосно не може де се реши, ако немаме регионален пристап. Од една страна постојано се носат кучиња скитници од други општини, а околните рурални општини од тетовскиот регион немаат никакви активности за згрижување на кучињата скитници, па така овие бездомни животни си преминуваат од една во друга соседна општина. Затоа ако сакаме решение мора заеднички да настапиме, а тоа е да има регионален пристап за конечно решавање на проблемот“, рече докторот по ветеринарна амбуланта Рами Селмани од „Дог енд Кет“.

Досега се истретирани околу 400 кучиња скитници, но се претпоставува дека во Тетово има уште толку. Бездомните животни најпрвин се заловуваат, потоа се стерилизираат, а во случај некои куче да има тешка заразна смртоносна болест како Лајшманиоза, се еутанизира. По нивното згрижување во стационарот лоциран на неколку километри од Тетово кучињата се враќаат повторно на улица, здрави и безбедни за околината.

Зоран Димовски

Next Post

Делегација на Советот на амбасадори на средба со германската амбасадорка Холштајн

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk