-Вашата улога во справувањето со оваа пандемија е од големо значење за сите нас, а сето ова ја истакна важноста на работата која секојдневно ја извршувате. Вие не сте само промотери на здравјето, туку сте и заштитници, чие знаење и пожртвуваност секојдневно спасува безброј животи – истакна министерот Филипче.
Есенцијалноста и придонесот кон справувањето со целокупната пандемија ја потенцираа клучната улога на медицинските сестри во здравствениот систем. Во изминатиот период како никогаш досега се подобрени условите за работа на медицинските сестри и на целокупниот здравствен персонал.
Зголемувањето на платите на медицинските сестри беше неколкукратно, започнувајќи од 2018 година па се до денес. Во мај 2018 реализирано е зголемување на износот на додатокот за работа ноќе од 29 % на 50 %; зголемување на износот на додатокот за работа ноќе од 29 % на 50 %. Во февруари 2019 година реализирано е зголемување од 5% на платите за: средно медицинскиот кадар со високо, вишо и средно медицинско образование; (освен: ГОБ 8-ми Септември, ПЕТ Центар и УК за хир.бол. Св.Наум – 8%); зголемување од 8% за : средно медицинскиот кадар со високо, вишо и средно медицинско образование. Во јануари 2020 година реализирано е зголемување од 10% за: средно медицинскиот кадар со високо, вишо и средно медицинско образование.