ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ера на македонската дипломатија – трасирање на патот кон ЕУ

May 13, 2021 19:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владина делегација во состав од премиерот Зоран Заев и вицепремиерите Никола Димитров и Фатмир Битиќи е во посета на Република Грција. Времето поминато кај јужниот сосед, владините претставници го поминуваат продуктивно и со набиена агенда – учество на економскиот форум Делфи, тет-а-тет средба со поранешниот британски премиер Тони Блер, состанок со претставници на атинската берза и други активности.

Во посета на главниот грчки град, премиерот отпатува по посетата на Мадрид, што претставуваше прва официјална посета на шпанската престолнина на највисоко, премиерско ниво од независноста на македонската држава до денес.

Брисел, Мадрид, Атина, тоа се европските метрополи низ кои гордо се вееше македонското знаме изминатата недела, а токму интензивирањето на активностите на македонската дипломатија пред јунските собири на челниците на Европската Унија испраќа важна порака.

Можноста за конечно отпочнување на претпристапните преговори со ЕУ и ефектуирањето на позитивната препорака, повторно се главна тема на разговорите на македонските делегации со делегациите на земјите членки. Нашата агилност, преку Владата, но најмногу преку Министерството за надворешни работи и Секретаријатот за европски прашања како најповикани е за поздравување и треба да продолжи со уште позасилено темпо. Како држава имаме многу пријатели помеѓу оние држави кои ја заокружуваат бројката 27 како членство на Унијата и тие пријателства, кои живот значат, мораме максимално да ги ползуваме.

Потенцирањето дека отпочнувањето на преговорите ќе даде силен ветeр во грб за нужната европеизација и уште поважното реформирање на македонското општество е главната порака која нашите дипломати се трудат да ја испратат. Ова, проследено со фактот дека почетокот на преговорите претпоставува долг иден процес на отворање на поглавјата и усогласување со нив, не и инстант членство, ова дополнето и со можноста за реверзибилност на самиот процес, укажува дека освен нелогичните барања од источниот сосед, друга препрека на македонско-европскиот пат не постои.

Во таа насока, особено интересни се и изјавите кои доаѓаат од Грција и од маргините на економскиот форум Делфи. Од една од сесиите на форумот, со присуство на кипарскиот МНР, Христодулидес и грчкиот заменик МНР, Варвициотис, произлегоа заклучоците дека Северна Македонија и Албанија треба да останат заеднички во фокусот на Унијата и дека нивното чекорење кон Брисел, не треба и не смее да биде раздвоено.

Оттука, знаејќи го нивото на дипломатските односи помеѓу нас и јужниот сосед пред Договорот од Преспа од 2018 година и „научната фантастика“, грчки државник да излезе со јавна поддршка за евроинтеграции, не смееме, а да не ги акцентираме моментумот и важноста на силните и охрабрувачки пораки од новите пријатели, а со кои до неодамна водевме дипломатска битка. Знаејќи ја испреплетеноста на грчката и кипарската дипломатија и ветувачките зборови кои доаѓаат од овие две ЕУ земји членки, очигледна е подобрената клима и затоплувањето на нашите и нивните надворешни односи.

Сето ова уште еднаш ги истакнува предностите на изразената и активна македонска дипломатија, ама ја подвлекува и огромната неопходност од дипломати од кариера, од дипломати од еден „нов ков“, македонски претставници кои ќе хараат низ светот со харизма, ама и знаење и сенс за геополитичките движења, реал политиката и промоцијата и одбраната на тезата дека и сонцето е ѕвезда и дека во Европа може да припаѓаме и вредносно, а не само географски.

Иван Дургутов

Next Post

Премиерот Заев на средба со Туск: Европската народна партија е силен поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија, политичкиот дијалог носи решенија за просперитет на граѓаните

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk