ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Иницијатива на 12 граѓански организации: Време е за организиран одговор против црната пропаганда, дезинформациите и говорот на омразата

May 14, 2021 15:40
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Photo (fragment) by Mika Baumeister on Unsplash

Photo (fragment) by Mika Baumeister on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Дванаесет граѓански организации го потпишаа денешното соопштение за јавноста под наслов „Време е за организиран одговор против црната пропаганда, дезинформациите и говорот на омразата“. Соопштението го пренесуваме во целост:

ВРЕМЕ Е

Време е граѓанското општество, сфатено во најширока смисла на зборот, да преземе иницијатива и едногласно да ги отфрли секојдневните дезинформации и говорот на омразата во кои не изостануваат отворените повици на насилство во јавната комуникација. Голема е потребата за организирано, гласно и недвосмислено дејствување против сите облици на радикално дејствување на одредени политички структури во земјава, особено против кампањите со дезинформации и говор на омразата во јавниот, општествениот и политичкиот дискурс во Северна Македонија.

ШТЕТИ

Организациите на граѓанското општество, медиумите и пошироката јавност веќе претрпеа огромни штети од деструктивното влијание на пропагандните центри во и надвор од земјата кои се насочени против долгорочните и стратешките определби на општеството и државата. Политичкото несогласување не е и не смее да се претвори во непријателство и повици на пресметка до истребување. Тоа е спротивно на сите правни и морални принципи на функционирање во едно демократско општество.

КРИТИКА

Граѓанското општество, во кое спаѓаат и медиумите, во изминатите пет години покажаа дека имаат извонреден капацитет и дадоа огромен и квалитетен придонес кон демократските процеси. Тие се видливи и успешни чувари на транспарентноста и одговорноста во политичките процеси, со тоа што постојано и доследно успеваат да ги откријат, анализираат и критикуваат погрешните политики и практики на власта и институциите.

ЦРНИ КАМПАЊИ

Често сме само неми сведоци на црните кампањи и опструкциите во законодавниот дом и секаде каде што се донесуваат одлуки и се спроведуваат јавните политики – општини, институции, училишта, болници, јавни установи и претпријатија. Непријателскиот однос кон политичките неистомисленици во интерните комуникации и во јавноста, кој го практикуваат одредени центри на моќта во политиката и во институциите, директно ги загрозува човековите права и слободи, интересите на поединците и заедниците, а во голем број случаи имаат потенцијал да ја загрозат и стабилноста и безбедноста на земјата.

БОРБА ЗА ВЛАСТ

Дезинформациите, теориите на заговорот, говорот на омразата и повиците на насилство не се ништо друго освен гола борба за власт со најцрните можни средства, кои се спротивни и на законот и на сите демократски стандарди. Политичкиот профит врз грбот на интегритетот на институциите е краткотраен и не им носи ништо добро ниту на јавноста, ниту на државата, па дури ни на оние што водат таква политичка борба.

ЗЛОУПОТРЕБИ

Одредени политички партии, вклучително и нивните лидери и високи партиски функционери, пратеници во парламентот, па и раководители на јавни институции, со години ги злоупотребуваат своите функции, јавните ресурси и привилегии за да шират дезинформации, омраза, страв и поделби во македонското општество.

НИКОЈ НЕ Е ПОШТЕДЕН

Одамна е познато дека мета на деструктивните кампањи се политичките противници, но и активистите, новинарите, интелектуалците и уметниците. Кампањите се ужасни: се повикува на леење крв, убиства и линч, се навредува и плука со најпогрдни можни изрази, се прават фото и видео монтажи, дрско се лаже и се клевети. Дури ни децата не се поштедени во овие грозоморни кампањи.

ОРГАНИЗИРАН ОДГОВОР

Борбата против ова стрмоглаво пропаѓање на основните човечки вредности не започнува и не завршува во институциите, туку кај граѓанките и граѓаните. Граѓанските организации и медиумите, но и сите свесни и совесни луѓе имаат морална обврска решително да ги отфрлат и да ги осудат оние што лажат, клеветат и навредуваат, сите што шират омраза по било која основа и повикуваат на разни „пресметки“, „казни“ и „истребување“. Несогласувањата се причина за аргументирани, па и жестоки дебати, но не и за омраза, клевети, закани и повици за насилство кон „другите“ и „понаквите“.

Потребно е да се формулира и да се упати решителен и организиран одговор на пропагандата, дезинформациите и говорот на омразата. Само така придобивките од придонесот на граѓанското општество во демократските процеси ќе биде одржлив и видлив. Во спротивно, ќе им се остави простор на антидемократските тенденции, а јавната комуникација ќе биде контаминирана со деструкција.

Граѓанките и граѓаните не ги плаќаат политичарите за да сеат омраза и непријателства, не ги плаќаат за да им штетат на институциите и на демократските процеси, туку да работат и да носат одлуки за добробит на општеството и државата.

Јавната осуда и отфрлувањето на омразата ќе создадат атмосфера во која пропагандните центри ќе се почувствуваат осамено и изолирано, а ќе ги охрабри и институциите да ја спроведат својата законска обврска – заштита на законитоста и на јавниот интерес. Се разбира, тоа институциите можат и мораат да го сторат и без охрабрување од јавноста, но вака ќе биде многу полесно.

Соопштението го потпишуваат граѓанските организации:

  1. ЦИВИЛ – Центар за слобода
  2. Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје
  3. Фондација Метаморфозис
  4. Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ)
  5. Здружение ЛГБТ Јунајтед Тетово/ Shoqata LGBT Junajted Tetovë
  6. АКТИВО – Велес
  7. Фондацијата Импакт Нет – Велес (лидери во мисија за мир, слобода и просперитет)
  8. Екозвон
  9. Здружението за истражување, анализи и развој ЗЕЛЕНА ЛУПА- Скопје
  10. ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
  11. НЕКСУС Граѓански концепт
  12. Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп (ЦГИ)

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk