ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Николовски : Имунизацијата е клучна за побрзо да стекнеме колективен имунитет и да ја оставиме оваа тешка здравствена криза зад нас

May 14, 2021 17:00
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлиц развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, согласно националниот план за имунизација  на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“ ја прими првата доза на вакцина за заштита од коронавирусот. Вицепремиерот Николовски во изјава за медиумите, рече дека имунизацијата е клучна за побрзо да се стекне колективен имунитет и да се надмине здравствената криза предизвикана од коронавирусот.

„Согласно националниот план за имунизација, тукушто ја примив првата доза од кинеската вакцина „Синофарм“, односно вакцината којашто беше достапна во моментот. Имунизацијата е клучна за побрзо да стекнеме колективен имунитет и да ја оставиме оваа тешка здравствена криза зад нас. Само така, со заедничка одговорност придонесуваме кон колективното и јавно здравје, и само така побрзо ќе заврши оваа борба со пандемијата од КОВИД-19, рече вицепремиерот Николовски

Тој посочи дека сите вакцини што пристигнуваат и што дополнително ќе пристигнуваат, се безбедни,  проверени, тестирани и сите еднакво штитат од хоспитализација, тешки форми на болеста и фатален исход.

„Затоа е важно, на секој што ќе му дојде редот за вакцинација согласно планот за имунизација, да се вакцинира со вакцината што е достапна во моментот. На овој начин, со вакцинацијата, ќе ја исполниме целта, ќе излеземе победници во оваа панедмија, за веќе во летниот период да имаме висок процент на имунизирано насление. Според информациите од Министерството за здравство, се зголемува бројот на новопријавени граѓани за вакцинација, и тоа е добро. Ги повикувам сите граѓани кои досега не го сториле тоа,  да се пријават за термин на вакцинација.мк, да ги почитуваат добиените термини, да се вакцинираат, а со тоа да придонесат во справувањето со оваа битка“, изјави вицепремиерот Николовски, при што порача дека вакцинацијата не значи и комплетно опуштање, важно е, и натаму се додека организамот не создаде имунитет, да се почитуваат мерките за лична заштита – маска, растојание и негрупирање во затворени простории.

Next Post

Министерката Шахпаска на состанок со Мисијата на ММФ: Зачувавме 80 илјади работни места, продолжува процесот на економско заздравување, креираме современа регулатива за работните односи

Shortcut

Најново

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk