Неуспешните протести против законските иницијативи за дигитализација на образованието на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ покажуваат дека поголемиот дел од родителите не се против реформите во образовниот сектор.
Организаторите на протестите побараа референдум на кој сите граѓани на земјава ќе треба да се изјаснуваат за обраозвните реофрми и дигитализацијата. Како што порачаа тие, одбивале нивните деца да учат од таблет.
Од граѓанската иницијатива најавија дека ќе се протестира во повеќе градови низ земјата, меѓутоа тие протести беа неуспешни. Со по стотина демонстранти протестите покажаа дека мнозинството од родителите не се против реформите во образованието.
Како што објаснуваат од Министерството за образование, со новите реформи и наставни програми, учениците се ставаат во центарот на образовниот систем. Од таму кажаа дека ги разбираат дилемите што ги имаат дел од родителите и дека од есен промените ќе стартуваат во прво и четврто одделение.
Д. Е.