Смената на генерациите е многу здрава и досегашните кадри на партијата и натаму имаат уште многу да дадат и како дел од партијата и од државните функции кои ги имаат, изјави премиерот и претседателот на СДСМ , Зоран Заев.
Премиерот Заев во интервјуто за вестите на Националната радиотелевизија истакна дека верува дека ќе се најде решение за отворените прашања со Бугарија, и упати порака директно, до претседателот Радев и до техничката Влада во Софија да покажат европска големина кон еден од своите први соседи, Северна Македонија да дадат шанса да го продолжи процесот за нашата земја за членство во ЕУ и се повика на консензуалната одлука на сите 27 земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Бугарија, дека сме ги исполниле условите за почеток на преговорите.
„Ќе сторам се во рамките на дозволеното за да постигнам договор со опозицијата и од македонскиот и од албанскиот блок за одблокирање на Собранието. Не очекуваме дека опозицијата ќе го поддржи секое законско решение предложено од владата, но блокирањето не е добро служење на народот“ истакна премиерот Зоран Заев во гостувањето на Дненивкот на МТВ.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека бројката од околу 50.000 дивоградби што би биле опфатени со новиот закон за легализација, што не беше потпишан од претседателот на државата и се враќа повторно во собраниска процедура, е според проценките на општините.
Министерот за здравство Венко Филипче, по повод одбележувањето на 16 Мај како Меѓународен ден на хередитарениот ангиоедем (ХАЕ), преку својот фејсбук-профил информира дека за пациентите со ваква дијагноза обезбедиле три различни терапии кои се веќе достапни во државата преку Програмата за ретки болести.
Единството во СДСМ секогаш е основа и база на победите и на промените. Тоа го докажавме на 17 мај 2017 година, клучниот датум кога граѓаните се кренаа и дојдоа по промените, срушија режим, донесоа слобода и демократија, порача вечерва генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.