ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Втора посета на Заев на Брисел во рок од една недела, средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел

May 19, 2021 10:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев изутринава ќе има средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, во последен обид во седиштето на ЕУ да ги презентира македонските аргументи за формален почеток на преговорите за членство, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова е втора посета на македонскиот премиер на Брисел во рок од една недела. Минатата тој се сретна со претседателката на Европската Комисија и со шефот на дипломатијата на ЕУ.

Денеска тој се сретнува и со шефот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, кој претседава со највисокото тело на ЕУ – лидерските средби или самити на ЕУ.

Иако Европскиот Совет не носи одлуки, тоа е клучното тело каде се цртаат и одредуваат политиките на Европската Унија. Мишел има улога да изгради компромис помеѓу 27-те шефови на држави и влади на Европската Унија.

Се очекува премиерот Заев денеска и на Мишел да му ги повтори аргументите дека е нужно Северна Македонија да ја одржи првата Меѓувладина конференција пред крајот на португалското претседателство, за да се зачува и подобри кредибилитетот на Европската Унија како во земјата така и во целиот регион.

Северна Македонија заедно со Албанија во март 2020 доби зелено светло од сите 27 членки на ЕУ едногласно дека треба да започне преговори со ЕУ, но Бугарија го блокира усвојувањето на преговарачката рамка поради билатерален идентитетски спор. Повеќето земји членки на ЕУ отворено изјавија дека не ја поддржуваат Бугарија во оваа блокада, но останува дека Софија има право да стави вето и дека само со согласност од сите 27 земји на ЕУ може да се усвои рамката за Северна Македонија и да се одржи првата Меѓувладина Конференција. Оваа конференција всушност го означува формалниот почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Зоран Заев минатата недела од Брисел повтори дека нема да прифати почеток на преговори со ЕУ по цена на македонскиот идентитет и јазик. Македонскиот јазик стои во нарт преговарачката рамка, а таа мора да биде усвоена и од Северна Македонија за да биде важечка.

Ова премиерот им го порача на сите свои соговорници и се очекува повторно тоа да го стори со Шарл Мишел денеска.

Тој ќе потсети и дека од односот кон Северна Македонија зависи кредибилитетот на Унијата во целиот регион, но и дека во прашање е и регионалната стабилност.

Заев вчера учествуваше и на лидерската средба на шесте земји од западен Балкан на покана на високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел, на која фокус бил геополитичкиот аспект на односите ЕУ-Западен Балкан, но се разговарало и за ЕУ перспективата на сите шест држави кои во последниот период е значително отежната и забавена.

Република Северна Македонија ги заврши сите свои обврски што произлегуваат од листата со критериуми за почеток на завршниот преговарачки процес за пристапување во членство во Европската Унија. Тоа Европската комисија го препозна и во нејзините извештаи за напредокот на земјата до Европскиот совет и до лидерите на земјите членки на ЕУ многу јасно стави до знаење дека земјата има безусловна препорака за почеток на преговорите, нагласи вчера пред почетокот на вечерата премиерот Заев.

Северна Македонија се надева дека до крајот на португалското претседателство ќе се изнајде решение да може земјата, заедно со Албанија, да ги започне долгоочекуваните преговори со ЕУ.

 

Next Post

Царовска на средба со претседателот на турското Собрание: Северна Македонија и Турција имаат одлична соработка во областа на образованието

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk