ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Рехабилитацијата на патот Узем-Тораница значајна за индистријата и за жителите од регионот

May 20, 2021 18:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Со интензивно темпо се работи на  инфраструктурните проекти кои го поврзуваат Кривопаланечкиот Регион со останатите региони од државата но и со земјите од регионот, регионалниот пат Узем-Тораница е особено значаен заради тоа што води до најголемиот индустриски капацитет во регионот на Крива Паланка, во којшто се вработени најголем дел од жителите од овој регион, а тоа е рудникот Тораница, истакна денеска вицепремиерот Љупчо Николовски при посетата на делница која ќе се рехабилитира до крајот на август.

Николовски, кој заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми присуствуваа на патниот правец Узем-Тораница, рече дека оваа инвестиција  за комплетна рехабилитација на околу седум километри, е од огромно значење за економскиот развој на овој регион.

-Владата на Северна Македонија продолжува со интензивно темпо и јасни политики, во коишто инфраструктурата и одржливиот развој и развојот на економијата, се приоритет. Ставивме силен акцент на економскиот и инфраструктурен развој на целокупниот овој регион коишто беше запоставен со децении, порача вицепремиерот Николовски.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски информираше дека во моментов се рехабилитираат и градат повеќе патни правци во овој регион  каде државата инвестира преку 80 милиони евра.

Особено сум задоволен што во овој момент целата патна врска од Куманово до границата во Бугарија се модернизира. Неодамна започнавме со рехабилитација на патниот правец од Куманово до с.Војник како прва фаза. Во продолжение како втора фаза го рехабилитираме патот од с. Војник до Страцин. Во меѓувреме градиме нов експресен пат од Ранковце до Крива Паланка. Тука би сакал да спомнам дека овој месец ЈП за државни патишта објави тендер за доизградба на првата делница. Ја прошируваме со трета лента делницата од Крива Паланка до граничен премин Деве Баир, рече Бочварски.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Рустеми рече дека вкупната вредност на рехабилитацијата на патната делница Узем-Тораница е во износ од 1.75 милиони евра, пари обезбедени од Европската Банка за обнова и развој.

Според градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, сите инфраструктурни инвестиции што се реализираат се значајни за развојот на Кривопаланечкиот Регион, а со тоа Крива Паланка станува развојна точка.

-Ова е помош за локалното население и огромна помош за рудникот Тораница во којшто работат и од него опстојуваат околу 370 семејства, рече градоначалникот Мицевски.

извор: МИА
Next Post

Ангеловски го објави списокот со фудбалери кои ќе одат на ЕП

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk