ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Се надеваме дека протерувањето на рускиот дипломат нема да влијае на нашите односи со Русија

May 20, 2021 14:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Се надеваме дека нашата одлука за прогласување на еден руски дипломат за пресона нон грата, нема да влијае врз односите меѓу Северна Македонија и Русија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска одлуката на МНР за протерување на дипломатот од земјава.

Османи повтори дека ваквата одлуката е донесена поради однесување на дипломатот, кое е неспоиво со дипломатскиот статус и правила. – Врз основа на сериозна истрага на случајот донесена е одлука тој да ја напушти земјата во рок од 7 дена, додаде Османи.

Шефот ма македонската дипломатија изјави дека засега нема најава за реципрочна мерка од руска страна, но, како што нагласи, секоја држава има инструменти и можност да преземе теков чекор.

– Оваа одлука не е поврзана со нашите односи со Руската Федерација, иако се случува во услови како да се солидаризираме со нашите сојузници во врска со некои однесувања на Русија, додаде Османи.

Според него, во јавноста се отвора лажна дилема дали сме со САД или Русија, бидејќи таа одлука државата ја има донесено уште од првите гопдини на независноста, со Резолуцијата во Собранието од 1993 година за членство во НАТО.

Тој нагласи дека со членството во НАТО нашата позиција на меѓународната сцена е значително променета и партнерството со 29 други земји се гради со јасна партиципација и придонес за почитување на принципите на тоа сојузништво.

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Русија ќе преземе соодветни чекори како одговор на протерувањето на рускиот дипломат од Северна Македонија. – Најостро ги осудуваме таквите неосновани потези кои дефинитивно ќе влијаат на односите меѓу Русија и Северна Македонија. Ќе следат мерки на одговор, наведе руското МНР во соопштението.

Македонското МНР во вторникот соопшти дека, согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, еден дипломат на Руската амбасада во Скопје е прогласен за непожелна личност во Северна Македонија. Нотата со која се наложува дипломатот да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена, му била предадена на рускиот амбасадор во Скопје Сергеј Баздникин во МНР на 14 мај.

Одговарајќи на новинарско прашање за ставот на МНР во врска со израелско-палестинскиот судир, Османи нагласи дека земјава се придружува кон повиците за деескалација на тензиите и осуда на нападите врз цивили и ги поддржува меѓународните напори за прекин на насилствата.

извор: МИА

Next Post

Богојески, Муратов, Иванов и Дерала во вонреден настан на ЦИВИЛ: Говорот на омразата во политиката

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk