ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Јуни е оптималната шанса Бугарија да го повлече ветото за старт на преговорите со ЕУ

May 20, 2021 15:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Правиме сè за Бугарија да го повлече ветото за започнување на преговорите за членство на Северна Македонија со ЕУ и јас тврдам дека јуни е оптимална шанса за да се случи тоа и покрај тоа што во Софија има службена Влада, изјави денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на прес-конференцијата по инаугуративниот состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика.

Османи дополни дека и покрај тоа што Бугарија има службена со задача само за организирање на избори, тоа сепак е владин кабинет што може да донесе одлуки.

– Затоа пристапивме со барање да се сретнеме, да го одржиме состанокот на меѓувладината комисија, да го адаптираме акцискиот план, меѓутоа, се разбира и работиме и со нашите пријатели и поддржувачи за да се одблокира процесот, рече Османи.

Тој дополни дека земјава се обидува на сите начини да ја врати довербата со Бугарија и е на ставот дека единствен начин односите помеѓу двете држави да се вратат во нормала, е да се навратиме на самиот Договор за пријателство.

– На Договорот ќе се вратиме ако ја одржиме првата меѓувладина конференција, со тоа што ќе направиме пресек на имплементираното до сега од Договорот и ќе направиме акциски план, за тоа што треба да имплементираме во наредниот период. Тоа се обидуваме да го работиме како Министерство во наредните шест месеци, сподели Османи.

Тој напомена дека за тоа било потребно да се усвои Годишниот извештај на Комисијата за историски прашања, што, како што рече, вчера „речиси бил усвоен“, така што смета дека едниот од предусловите за одржување на меѓувладината конференција е исполнет и иако треба да се направат минимални технички корекции во тој извештај, како и да се усогласи акцискиот план.

Османи потсети дека политиките на проширување во ЕУ се носат со консензус и го сакале ние тоа или не – такви се правилата на Европската Унија.

– Доколку една држава не даде согласност на преговарачката рамка и за почнување на преговорите, не може да се почнат преговорите, рече Османи, дополнувајќи дека проблемот кој што го наметна Бугарија со блокадата на текстот на преговарачката рамка и започнување на меѓувладината конференција не е проблем кој што го предизвикавме ние.

Тој нагласи дека наша одговорност е да ги исполниме критериумите, а Европската комисија веќе потврди дека ги исполнуваме условите за старт на преговорите и дека во некои аспекти сме дури и пред земјите што веќе преговараат, па затоа не треба ја пропуштиме шансата за старт на преговори во јуни.

Османи потенцира дека се покажале како неточни шпекулациите дека проширувањето нема да биде приоритет на португалското претседавање со ЕУ и дека сме сведоци на засилен ангажман на Португалија и во таа насока ја потврди најавата на Европската комисија дека еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва, утре ќе престојуваат во Скопје и Софија.

Според најавите од Брисел, Вархеји и Сантош ќе донесат предлог за деблокирање на ветото на Бугарија за Северна Македонија и за одобрување на формалното одржувањето на првата Меѓувладина конференција. Доколку земјите членки на ЕУ постигнат согласност до 22 јуни за Северна Македонија и доколку преговарачката рамка ја задоволува и македонската страна, првата Меѓувладина конференција би можела да се одржи помеѓу 22 и 30 јуни годинава.

Премиерот Зоран Заев вчера за МИА изјави дека смета оти има доволно време да се постигне напредок на релација Скопје-Софија, но дека не сака да ги зголемува очекувањата на граѓаните, бидејќи Бугарија и натаму располага со право за вето во Советот на ЕУ.

извор: МИА

Next Post

Филипче: Ќе обезбедиме системско решение за медицинските сестри, техничари и лаборанти кои имаат висока школа или специјализација

Shortcut

Најново

College students studying and making reports There are touch computers and books in the library for researching.

ПИСА 2025: Три од четири ученици во Северна Македонија под основното ниво во читање

September 9, 2026

Ексдиректорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ѝ се предаде на полицијата

September 9, 2026

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk