ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Заев: Делото на Св. Кирил и Методиј е заедничка вредност што треба да не поврзува, а не да не дели

May 20, 2021 13:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мисијата на Светите Кирил и Методиј е еден од првите примери на обединување на словенските со другите народи во Европа, за поврзување на различни култури со почитување на разликите. Тоа е вредноста на која и денес се повикуваме, сеќавајќи се на нив и на историјата, истовремено свртени со поглед кон иднината и за која велиме дека заедничките допирни точки не не делат туку не поврзуваат, истакна денеска премиерот Зоран Заев на промоцијатa на печатеното издание „Проглас“ од Константин Философ – Св.Кирил и изложбата „По трагите на Светите Кирил и Методиј“.

– Мисијата на Светите Кирил и Методиј е далекусежна и се уште ги обединува словенските и другите народи во Европа. Оваа вредност и денес по повеќе 1150 години не учи и не инспирира. Во тој дух почитувањето на делото на Светите Кирил и Методиј заедно со другите словенски и останатите народи кои чувствуваат ист долг кон нивната мисија и наследство и ја слават нивната цивилизациска мисија со достоинство и чест, е  обединувачки фактор  толку значаен за нашата современост и иднина, рече Заев.

Цел на нивните мисии, покрај ширењето на христијанството, биле и описменувањето и просветувањето на населението, а темелот на тој култоролошки процес, посочи Заев бил создавањето на првата азбука – глаголицата, за чија основа Кирил ги земал говорните карактеристики на словенското население во Македонија од околината на Солун.

-Мисијата на Светите Кирил и Методиј имала наднационалана, цивилизациска и обединувачка улога. Тие развиваат препишувачка школа во тогашните манастири и ги умножуваат книгите со кои ќе продолжи нивната мисија, преку нивните ученици предводени од Свети Климент Охрирски кој во Охрид ја основа Светиклиментовата школа, во ранг први универзитет во Европа. Од глаголицата на Свети Кирил, а потоа кирилицата, подоцна се кодифицира современиот македонски јазик и азбука, рече Заев.

За големата улога и значењето на Кирил и Методиј, сведочи и признанието што им го оддаде папата Јован Павле на 31 декаември 1980 кога ги прогласува за патрони и заштитиници на Европа.

Заев потсети дека промоцијата на „Проглас“ и изложбата „По трагите на Светите Кирил и Методиј“, коиницидира со два јубилеја – 30 години од осамостојувањето на РСМ и 100 години од раѓањето на Блаже Конески, основоположникот на современиот македонски јазик.

Промоција на „Проглас“, како што наведе, овој пат ги обединува С Македонија и Словачка, но тука се и претставници на Чешката Република и на други братски држави, обединети преку род и преку заедничката писменост.

Библиофилското издание „Проглас“, првпат објавено во Словачка по повод 1150 години од мисијата на словенските просветитетли, сега доживеа и второ дополнето издание на старословенски, словачки и македонски јазик. Објавено е од Словачката народна библиотека во соработка со Друштво на писатели на Словачка и финансиска поддршка од Владата на РСМ.

Промоцијата на „Проглас“ во пресрет на 24 Мај, денот на сесовенските просветители, е збогатена со изложбата „По трагите на Светите Кирил и Методиј“, во која низ фотографии и илустрации е прикажан нивниот живот и мисија.

Словачкиот амбасадор во Скопје Хенрик Маркуш, потсети дека прв пат пред три години биле претставени во НУБ во Скопје, а потоа и низ неколку градови во земјава.

Посебна заслуга на денешата промоцијата, му беше искажана на Стојан Лекоски, Македонец кој повеќе години работи и живее во Словача. На промоцијата и отворањето на изложбата присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, министерката за култура Ирена Стефоска, поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, претставници на Амбасадата на Чешка во Скопје и гости од Словачка.

извор: МИА

Next Post

Холштајн: Се надевам дека нема да им направам проблеми на колегите во Софија

Shortcut

Најново

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра

September 11, 2026
New York, NY, September 19, 2001 -- Rescue workers climb over and dig through piles of rubble from the destroyed World Trade Center as the American flag billows over the debris.Photo by Andrea Booher/ FEMA News Photo

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk