ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Азески: Министерство за регионален развој и автопатишта без граници

May 25, 2021 10:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Успешна регионална економска приказна може да понуди Западен Балкан, но само ако сите шест земји функционираат во ист правец, со исти стандарди и со усогласена регулатива. За да се оди по тој пат треба да се обнови иницијативата за формирање Министерство за развој на регионот во секоја од земјите на Западен Балкан, за поголема економска регионална соработка.

Ова го порача претседателот на Стопанската комора и копретседавач на Коморскиот инвестициски форум, Бранко Азески, која беше поддржана од претседателите на Стопанските комори од Западен Балкан, присутни на панел дискусијата „Мини шенген зона – може ли ковид кризата да ја забрза регионалната соработка во Западен Балкан“ во рамки на дебата на 28. Копаоник бизнис форум.

-Здравствено-економската криза покажа дека е потребно активна комуникација на земјите од регионот, континуирано 24 часа, координирано од едно место, кое ќе биде во функција на поттикнување на соработка меѓу шесте земји во регионот, но и ќе работи на усогласување на процесите и воспоставување на заедничкиот регионален пазар на Западен Балкан, што го предвидува концептот на четирите слободи на кој се заснова и единствениот пазар на ЕУ (слободно движење на лица, стоки, услуги и капитал). Процесот предвидува засилена соработка во областите на дигитализацијата, инвестициите, иновациите и индустријата, а може да биде и движечката сила која ќе даде нов поттик за конкурентноста на компаниите од регионот во пост-пандемискиот период, истакна Азески.

Како што соопшти Стопанската комора, ковид кризата ги извади на површина системските слабости и дефинитивно покажа дека образованието и здравството мора да станат клучни компоненти на развојот. Без здрави и образовани луѓе, како што се наведува, нема напредок на економија и државата, а токму оваа корона криза покажа дека тука ни се најголемите слабости. Досега приоритетните, одбраната и безбедноста, треба да станат нормални функции на државата.

-Животот во ковид услови детектираше уште еден лош пример, за кој низ годините постојано се зборува и констатира. Несоодветните инвестиции во инфраструктурата. Се што се вложи во изградба на автопатиштата застана на границите, вели претседателот Азески.

Примерот на Коридор 8, како што се наведува, покажува дека желбите не секогаш се остварливи. Одењето против природата има своја цена и заради тоа имаме застој во неговата реализација. Се спојуваат земји кои немаат усогласени процедури што го прави многу долг и скап транспортот, што пак директно се одразува на конкурентноста на производите кои излегуваат од земјите од овој регион.

-Секоја од шесте земји од регионот има свои предности во одредени сегменти и тие треба да се искористат како предност на целиот регион. Пример за тоа е имунизацијата во која лидер е Србија што позитивно се одразува на бизнис секторот од Западен Балкан. Во таа насока клучна улога има Коморскиот инвестициски форум кој своите активности ги насочува кон унапредување на конкурентноста на економиите од регионот преку вмрежување, подобрување на бизнис климата и зголемување на стоковната размена со земјите од Западен Балкан, се вели во соопштението.

Копаоник бизнис форумот годинава се одржува од 24 до 27 мај под слоганот „Светот по Ковид-19: Нови извори на раст во промената на деловните услови“. На 28-от традиционален форум организирани се дваесет и еден панел со учество на повеќе од 90 говорници, панелисти, модератори.

На Балканскиот Давос, место кое претставува интерактивна платформа за размена на мислења и искуства, за средби и деловно вмрежување на компаниите, претседателот на Стопанската комора и копретседател на Коморскиот инвестициски форум Бранко Азески е единствениот македонски претставник.

Копаоник бизнис форумот е организиран од Сојузот на економисти на Србија на иницијатива на претседателот на Здружението, Александар Влаховиќ, во партнерство со Мастеркард. Се одржува во услови на ковид криза, со целосно почитување на најстрогите мерки на здравје и безбедност за да се обезбеди максимална безбедност на гостите, учесниците и организаторите, поради што наместо традиционално во март на Копаоник, се организираше во мај, во Белград.

извор: МИА

Next Post

Лукашенко

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk