ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

И ќе вратат и ќе платат…

May 25, 2021 17:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПРАВДА, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

Во 2000 година, Англичаните донеле Закон против криминалците во бели крагни, против корумпираните политичари, судии, функционери, закон со кој не биле исклучени и другите големи апаши, трговци со дрога, оружје, проституција, перење пари, а кај граѓаните одекнал како „Законот на Робин Худ“. Предизвикал општо граѓанско задоволство и зголемување на вербата во обвинителствата и судовите. Конечно, закон со кој се предвидуваат вистински казни за осудените крупни апаши. Во првата година и во име на тој Закон државата инкасирала повеќе од 250 милиони фунти – од запленети пари и имот на осудените криминалци…

Го нарекле законот на “Робин Худ“ не заради тоа што предвидувал насилно да им се одзема на богатите за да се споделува со сиромашните, туку, заради нешто друго. Клучната реченица во законот е толку јасна, моќна и недвосмислена, што навистина запрепастува до вчудовиденост и шокирање заради едноставноста.

Пред да ја парафразирам, ќе напишам неколку реченици за нашава актуелна состојба во „ловот“ на големите криминалци во државата.

Имено, сè уште е актуелно прашањето од каде му се на Мијалков 11 милиони евра кои ги понудил како гаранција за ублажување на изречената мерка притвор, од затворски во домашен? Се чини дека никој од надлежните, не си го поставува ова прашање. Меѓу обичните луѓе, пак, речиси секојдневно се поставува, а шпекулациите на оваа тема водат до една заедничка констатација од типот: па што се 11 милиони евра за него, мува не го лази, тој може да издвои многу повеќе, може да понуди 100, 200 па и 300 милиони евра, кога сите знаеме дека во милијарди евра му се мери богатството, и слично…

Кај обичниот човек сè повеќе се наметнува онаа позната стара рамнодушност која наликува на апатичност, разочараност, дека тој што има многу пари, без разлика на нивното потекло, кога и да е, ќе се спаси и од судовите. Да не бидеме наивни, се знае како завршуваат ваквите предмети во нашите судови, констатираат обичните, така да, каков било оптимизам дека ќе вратат и ќе платат, паѓа во вода. И наместо да се билда самодовербата, да се зацврстува вербата во институциите, обичните, се чини, никој повеќе не може да ги разубеди во веќе поставените констатации. Се задоволуваат со изречени долгогодишни затворски казни, за кои сè уште не се знае дали осудените воопшто ќе ги издржуваат, со нематеријалното обештетување на опљачканата државна каса. Никој од надлежните не покажал интерес да ја запознае јавноста, на пример, со некаква акција во која се истражува изворот на пари со кои егзистира бегалецот во Маџарска или од чии средства се подмируваат „скапите“ адвокати на осомничените и осудените во предметите на СЈО. Веројатно, малкумина знаат дека државата веќе може да се пофали дека во нејзината каса влегле запленети пари од блокиран имот или сметки на осудените во овие предмети. Тоа не е доволно, ни оддалеку, но факт е дека барем симболично е начнато мултимилионското богатство со кое се стекнаа груевистите со грабеж на буџетот на државата.

Авторите на „Законот на Робин Худ“ биле поведени од изрекувањето на наједноставната казна за осудените во ваквите случаи, и истите се избориле за таа моќ. Ја објаснуваат на едноставен начин:

„Ако кои било криминалци, големи, мали, ситни, не ги удрите по џебовите, по криминално стекнатиот имот, ако не им ги испразните сметките од банките во даночните раеви, без разлика дали на истите се појавуваат носители некои од нивните деца, сопруги, сопрузи, роднини, пријатели, дека на тие сметки лежат многу повеќе пари од оние кои се пресметани како направена штета врз државата, ако во судските процеси не им се замрзнат сите пари и недвижнини, и чисти и валкани, за да се спречи на каков било начин да обезбедуваат гаранција за бегство, ако тоа не се направи брзо и ефикасно до конечна пресуда, тогаш можете да ги осудите и на доживотни затворски казни, законот ќе биде бадијала донесен, а на криминалците баш им е гајле колку години ќе ги осудите. Тоа е пресметан ризик во нивните резони…“

Криминалот направен од позиција на моќ во државата, има многу поголема тежина од криминалите кои ги прават нарко картелите и трговците со оружје, и заслужува построги казни. Вториве се постојано на штрек опкружени со законски овластени државни непријатели, војски, полиции, агенции, шпиони, и свесни на ризикот, продолжуваат да го работат тоа што го работат, однапред знаејќи што ги чека доколку ги фатат. Функционерите и моќниците преку корумпираноста, преку моќтта на позициите, преку инерцијата на нематеријалната неказнивост која се провлекува со децении кај нас, не смеат да добиваат слика на обезбеден имунитет, на доживотна амнестија од каква било злоупотреба на државните пари, на пренослива гаранција за сите идни моќници, напротив. Треба построго и побрзо да бидат осудувани, без селекција, без гаранции, без право на помилувања после конечните пресуди…

Имаме осудени кои издржуваат затворски казни, имаме осудени притворени, имаме осудени бегалци, имаме замрзнати имоти и сметки, имаме и пресметани штети на буџетот, ни фали уште информацијата колку пари се вратени од овие пресуди во државната каса. Ни фали оваа едноставна информација од законот на „Робин Худ“, пекаат обичните. И во право се…

Мојот оптимизам е нескршлив и недвосмислен кога овие прашање се поставуваат како тема, затоа што верувам дека и тоа ќе се случи. Се движиме споро, тромаво, со многу препреки до конечните пресуди, ама се движиме. Кај и да е, ќе го почувствуваме ефектот од нашиот закон на „Робин Худ!“ од паролата на СЈО „И ќе вратат и ќе платат!“ Од таму, другарки и другари, друг излез не смее да има…

 


Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk