ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Интересот на ученикот е пред сечиј друг, во последните две недели повеќе од 100.000 граѓани се пријавиле за вакцинација, дезинформациите се најголем поткопувач на демократијата

May 25, 2021 17:47
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Ова е прва Влада која  покажува дека интересот на ученикот е пред сечиј друг и дека децата се нашата иднина. Политичката партија која владееше 12 години  постојано наоѓаше изговори зошто да не се подобри, модернизира, осовремени образованието. Веројатно тоа на некого му одговарало. Затоа нашите деца денеска на меѓународните тестирања се најдолу на листите и тоа е поразително за нашата држава, изјави министерката Мила Царовска.

Министерот за здравство Венко Филипче поспладнево на својот Фејсбук профил објави дека во последните две недели повеќе од 100 илјади граѓаните се пријавиле ва вакцинација. Тој апелира до граѓаните да се пријавуваат за вакцинација за, како што вели, што поскоро да можеме да ставиме крај на пандемијата.

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на Северна Македонија, Марјан Забрчанец, вчера вечер преку видео обраќање учествуваше на Тематската дебата на високо ниво на Обединетите нации, за дигитална соработка и поврзување. Да се лаже е срамно. Да се разоткрива лагата е храбро. Дезинформациите денес се најголемиот поткопувач на демократските и на реформските процеси во светот, вели тој во своето обраќање.

Собранието на Република Северна Македонија се очекува утре да продолжи со веќе почнатата 41. седница од минатата недела на која би се гласале сите точки што веќе биле усвоени на комисиите и за кои расправата завршила. Интерпелациите на Маричиќ и Николовски се најавува дека ќе се во јуни.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска очекува законското решение за одење во пензија на 64 години да биде одлокирано во Собранието и да бидат повлечени поднесените 482 амандмани, а за решението за предвремено одење во пензија и можноста за докупување на стажот рече дека оваа година не се работи на тој закон.

Се очекува во втората половина на јуни да има напредок по прашањето за европскиот пат и почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, но дијалогот на највисоко работно ниво меѓу Софија и Скопје треба да продолжи што е можно поскоро, изјави денеска бугарскиот претседателот Румен Радев во Брисел, каде учествува на Самитот на Унијата.

М. Миткоска

Next Post

Еуроконтрол планира пренасочување на воздушниот сообраќај подалеку од Белорусија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk