ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Митреска: Инфлацијата ќе биде движена од промената на увозните цени, но не се очекуваат поголеми ценовни притисоци

May 25, 2021 12:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

 Инфлацијата во македонската економија, како и кај повеќето земји во регионот, ќе биде движена од промените на увозните цени. Но, ова се глобални фактори коишто се оценети како привремени и иако се можни одредени преносни ефекти, поголеми ценовни притисоци не се очекуваат. Оттука, како и со оглед на оцените за отсуство на притисоци од побарувачката, нема потреба од промени во олабавената поставеност на монетарната политика.

Ова, како што соопшти Народната банка, го истакна вицегувернерката Ана Митреска на редовниот годишен состанок на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), на којшто се разговараше за предизвиците за монетарната политика во земјите на Централна и Југоисточна Европа.

На состанокот, предмет на дискусија беа повеќе теми за ефектите од пандемијата врз економскиот раст и врз долгорочниот потенцијал на економиите, отпорноста на финансискиот сектор во регионот, фискалната реакција и координацијата со монетарната политика, како и инфлациската динамика и монетарната поставеност.

Вицегувернерката, како што стои во соопштението, посебно се осврна на движењето на инфлацијата во земјите во регионот, нагласувајќи дека во пандемиската 2020 година таа во просек забави и се задржа во зоната на умерени позитивни промени. Во оваа слика се вклопува и македонската економија, со оглед на тоа што инфлацијата не претрпе поголеми промени и се задржа во контролирани рамки.

–Очекувањата за инфлацијата за следниот период за целиот регион се под влијание на последните нагорни промени на цените на примарните производи на светските пазари, што е очекувано со оглед на големата трговска отвореност на овие економии и нивната увозна зависност. Сепак, проекциите за инфлацијата во регионот за следните неколку години не се значително променети во однос на претпандемиските проекции, покажувајќи дека растот на увозните цени, во услови на постепено закрепнување на економиите, не би предизвикал продолжени притисоци врз ценовното ниво. Одредени ризици постојат, со оглед на неизвесното окружување, но тие внимателно се следат од страна на сите централни банки во регионот, стои во соопштениението од Народната банка.

извор: МИА

Next Post

Меморандум за соработка меѓу ФИТР и УНИ банка – полесно финансирање за стартапите

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk