Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува. Досега 400.284 граѓани изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk. На вакциналните пунктови во државата вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани, a вчера пристигнаа нови 10.530 дози „Фајзер“.
Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ од денеска до четврток во подрачни одделенија на Државната изборна комисија во Скопје и Битола одново ќе собира потписи за да се иницира референдум, а од МОН велат дека апсурдно е со референдум да се блокира дигитализацијата и осовременување на образованието.
Само два портали известија за лицемерието на руската политика, дека во Скопје на Македонците им го честита денот на сесловенските просветители со 4 години стара изјава на Путин дека Св. Кирил и Методиј дошле од „македонската земја“, а во Софија на Бугарите им честита велејќи им дека е „надвор од секое сомнение улогата на Бугарија во формирање и распространување на словенската писменост“. Десетици други портали ја пренесоа 4 години старата изјава на Путин, а ја премолчеа честитката на руската амбасада во Бугарија, пишува ПЕТРИТ САРАЧИНИ.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека патот на С Македонија кон Европската Унија поминува низ Бугарија без чие одобрување на можат да почнат пристапните преговори, но и оти Софија не треба да ја пропушти оваа шанса ако сака стабилен Балкан.
Бугарскиот претседател Румен Радев, пред почетокот на вториот ден од ЕУ самитот во Брисел кој е посветен на борбата против Ковид-19 и климатските промени, изјави дека за Бугарија приоритет е споделувањето на вакцините со Северна Македонија и регионот.
Професорот на Медицинскиот факултет доктор Никола Пановски вели дека граѓаните нема потреба да се изложуваат на трошок и да проверуваат антитела после вакцинацијата. Приватните лаборатории за оваа услуга наплаќаат околу 2 илјади денари, но антителата, не се единствениот параметар кој покажува дека некој е заштитен од коронавирусот. Вториот параметар е клеточниот имунитет, кој нема да се види на тест за антитела, а кој е еквивалентно важен.
Се повеќе се случува при купо-продажба, трговецот, а и купувачот да ги заборават нивните права и обврски. Затоа при некаков дефект после купувањето на производот, неправилно издадена потврда при извршен сервис или било каков друг проблем, непријатностите се големи и една од страните секогаш е разочарана. За да се избегнат некои од непријатностите со кои купувачот се соочува при евентуално враќање или носење на сервис на некој производ, добро е да се прочитаат правата и обврските на двете страни кои се регулирани во Законот за заштита на потрошувачите.
М. Миткоска