ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Интересот за вакцинација секојдневно расте, граѓаните да не се трошат проверувајќи антитела после вакцинирање, апсурдно е со референдум да се блокира дигитализацијата на образованието

May 25, 2021 11:59
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува. Досега 400.284 граѓани изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk. На вакциналните пунктови во државата вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани, a вчера пристигнаа нови 10.530 дози „Фајзер“.

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ од денеска до четврток во подрачни одделенија на Државната изборна комисија во Скопје и Битола одново ќе собира потписи за да се иницира референдум, а од МОН велат дека апсурдно е со референдум да се блокира дигитализацијата и осовременување на образованието.

Само два портали известија за лицемерието на руската политика, дека во Скопје на Македонците им го честита денот на сесловенските просветители со 4 години стара изјава на Путин дека Св. Кирил и Методиј дошле од „македонската земја“, а во Софија на Бугарите им честита велејќи им дека е „надвор од секое сомнение улогата на Бугарија во формирање и распространување на словенската писменост“. Десетици други портали ја пренесоа 4 години старата изјава на Путин, а ја премолчеа честитката на руската амбасада во Бугарија, пишува ПЕТРИТ САРАЧИНИ.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека патот на С Македонија кон Европската Унија поминува низ Бугарија без чие одобрување на можат да почнат пристапните преговори, но и оти Софија не треба да ја пропушти оваа шанса ако сака стабилен Балкан.

Бугарскиот претседател Румен Радев, пред почетокот на вториот ден од ЕУ самитот во Брисел кој е посветен на борбата против Ковид-19 и климатските промени, изјави дека за Бугарија приоритет е споделувањето на вакцините со Северна Македонија и регионот.

Професорот на Медицинскиот факултет доктор Никола Пановски вели дека граѓаните нема потреба да се изложуваат на трошок и да проверуваат антитела после вакцинацијата. Приватните лаборатории за оваа услуга наплаќаат околу 2 илјади денари, но антителата, не се единствениот параметар кој покажува дека некој е заштитен од коронавирусот. Вториот параметар е клеточниот имунитет, кој нема да се види на тест за антитела, а кој е еквивалентно важен.

Се повеќе се случува при купо-продажба, трговецот, а и купувачот да ги заборават нивните права и обврски. Затоа при некаков дефект после купувањето на производот, неправилно издадена потврда при извршен сервис или било каков друг проблем, непријатностите се големи и една од страните секогаш е разочарана. За да се избегнат некои од непријатностите со кои купувачот се соочува при евентуално враќање или носење на сервис на некој производ, добро е да се прочитаат правата и обврските на двете страни кои се регулирани во Законот за заштита на потрошувачите.

М. Миткоска

Next Post

Пендаровски се сретна со командантот на Копнените сили на САД за Европа и Африка, генерал Кристофер Каволи

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk