Ексклузивно за Фронтлајн, интервју со сексуална работничка…Што се случува кога она што некогаш се чинело како најлесен начин да се дојде до пари да се задоволат основните потреби, ќе стане професија? Кога и да се спомне за сексуалната професија, секогаш се спомнува, и се гледа низ призмата на негативноста… Но дали е се така црно и валкано? За нас декриминилизирањето ќе значи слобода, вели таа…
Левица е голем фејк во нашето општество. Се претставуваат како левичари, а се радикални десничари. Тие не се иднината на оваа земја“ кажа премиерот на Република Северна Македонија и лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за „Фокус“. Тој додаде дека лесно е да се собираат националистички и популистички поени, но јуначки е да се решаваат проблемите и да се спроведуваат решенијата.
Димитров денеска учествуваше на презентацијата за воведување на електронски начин на регистрација на проекти во Секретаријатот за европски прашања. Како што соопшти СЕП, услугата е изработена во рамки на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во Северна Македонија за непречено функционирање”, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на британската амбасада во Скопје, а е имплементиран од Центарот за управување со промени, во соработка со СЕП.
Не сметам дека со електронските картични за српските туристи низ патарините ќе се дестимулира домашниот туризам. Секако тоа се предвидени трошоци, изјави заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. Сумата која што беше одредена е дадена од Јавното претпријатие за државни патишта која стопанисува со патарините, вели тој.
„Хибридните војни, заканата врз демократијата е глобален феномен. Ние не смееме по никоја цена да го оставиме тоа поле неодбрането, ние мора да одговориме на таа закана со сите механизми кои ни се на располагање“, истакна националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски, на јавниот настан на ЦИВИЛ, одржан на 26 мај 2021.
Немаме потреба од посредници, никој од нас подобро не ја знае нашата историја. Решението на проблемите зависи од нас, од конструктивниот дијалог врз историски документи и извори на кои ќе работи заедничката комисија, изјави денеска во Рим бугарскиот претседател Румен Радев во врска со предлогот европските историчари да се вклучат во бугарско-македонската историска комисија.
М. Миткоска