ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

(ВИДЕО) Ексклузивно за Фронтлајн, интервју со сексуална работничка: За нас декриминилизирањето ќе значи слобода!

May 27, 2021 16:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Што се случува кога она што некогаш се чинело како најлесен начин да се дојде до пари да се задоволат основните потреби, ќе стане професија? Кога и да се спомне за сексуалната професија, секогаш се спомнува, и се гледа низ призмата на негативноста… Но дали е се така црно и валкано? Дали оваа професија е исплатлива сама по себе, кои се предизвиците со кои сексуалните работници се соочуваат на дневна база, што всушност би донело декриминализирањето на истата, и како луѓето гледаат на оваа професија се само дел од прашањата кои верувам дека ги интересираат повеќето од нас. По големата заинтересираност за претходното интервју со Моника Тасевска која без маска и без компромисно се отвори пред читателите на Фронтлајн, решивме да одиме чекор понапред и да прочепкаме и низ некои приватни детали од животот на една сексуална работничка, која одлучи да остане анонимна.

 

Фронтлајн: Кога почна да се занимаваш со сексуалната работа, дали сама влезе во истата или некој те воведе?

Во сексуалната работа, свесно влегувам на свои 19 години со своја пријателка, а пред тоа несвесно, давајќи секс во замена за некои добра почнувам на некои 15 години.

Фронтлајн: Колку трае една средба, и колку чини?

Најчести баратели на сексуална услуга се мажите, а времетраењето на средбата зависи од клиентот. Може да трае пет минути до час и пол. А цените се движат од илјада денари па нагоре.

Фронтлајн: Со актуелната законска регулатива, ти како давател на услугата се соочуваш со кривична или парична пријава?

Не се соочувам ниту со едното, ниту со другото. Сексуалните услуги ги давам во затворен круг, само тој што оддава проституција на јавен простор се соочува со парична казна од 600 до 800 евра, или доколку овозможува простор за сексуални услуги…

Фронтлајн: Дали сте се соочиле со употреба на полициска сила, и каков одговор добивате од страна на МВР?

Во однос на сексуалната работа не сум се соочила, но сум се соочила за други работи кога сум поднесувала жалба каде не увиделе дека ми биле повредени правата. Порано полицијата ги злоупотребуваше сексуалните работници каде и на затворена и на отворена сцена доаѓаа и бараа услуги притоа без да сакаат да платат и злоупотребувајќи ја нивната службена должност се закануваа дека ќе бидеме затворени ако не им биде дадена сексуална услуга. Но денес праксата покажува дека е нешто сменето. Сепак сексуалните работници сè уште не се охрабрени да пријават во полиција бидејќи најчесто нивниот случај останува затворен во фиока.

Фронтлајн: Дали кај нас постојат облици на присилна проституција?

Искрено до пред шест години во западниот регион на државата се случуваше странски државјанки, сексуални работнички да бидат заклучувани и беа третирани нехумано. Но, во последните шест години тоа  е променето, и моментално ние работиме со доброволна сексуална работа и секогаш кога имаме случаи на присилна сексуална работа реагираме до институциите.

Фронтлајн: За крај зошто сме сега тука, со твојот грб свртен кон камерата наместо твоето лице? Зошто сметаш дека треба да се криеш денес, во 21 век, од општеството?

За жал не сме Амстердам… Точно е дека е 21 век, но општеството овде кај нас е затворено и сексуалната работа ја сметаат како нешто неморално. Пред се мора да работиме на покренување на свеста на општата популација за да можат сексуалните работници да се охрабрат јавно да говорат за своите потреби и проблеми без да се кријат дека се сексуални работници.

Со нашата соговорничка зборувавме и за ризиците и опасностите на кои една сексуална работничка е изложена со клиентот и по средбата, каква здравствена заштита е достапна за сексуалните работници, дали под сексуалните услуги влегува и ескорт услугата…  

На самите нас останува како ние ќе им пристапиме на сексуалните работници, дали сè уште ќе придонесуваме за стигмата и предрасудите, или ќе одлучиме да гледаме поинаку… Желбата на сексуалните работнички е оваа професија да се декриминализира и да се редефинира како вредна, почитувана и како една што навистина нуди вреден придонес на општеството.

Марија Миткоска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Б. Ј.

 

Next Post

Ковачевски: Даночниот долг на компаниите е јавно објавен, УЈП не прави исклучок

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk