ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Влијанието на пандемијата врз човековите права – главна тема на омбудсманите на С. Македонија, Албанија и Косово

May 27, 2021 14:57
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Пандемијата и нејзиното влијание врз човековите слободи и права во  Севена Македонија, Албанија и Косово била главната тема на средбата на омбудсманите на трите држави, Насер Зибери, Еринда Баланца и Наим Ќељај.

-Омбудсманите се согласија дека минатата година беше тешка, пред сè од здравствен аспект и дека владите повеќе внимание посветија на заштитата на здравјето на граѓаните, за чија цел донесоа голем број на одлуки, кои на некој начин влијаеа врз слободите и правата, како што е полицискиот час кој ја ограничуваше слободата на движење. Отежнато работеа и голем број на институции и комисии, што директно влијаеше на остварувањето на правата на граѓаните, пред сè на таканаречените ранливи категории на лица-оние кои се во социјален ризик, информираат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Омбдусманот Зибери ги информирал своите колеги за предизвиците со кои со соочила Институцијата во 2020 година, а кои се опфатени во неодамна објавениот Годишен извештај. Како посериозен предизвик, изминатата година, народниот правобранител ја потенцирал наставата од далечина – онлајн наставата, која предизвикала потешкотии во образовниот процес, особено на лицата/децата со посебни потреби, кои се појавија заради ваквиот тип на настава. Народниот правобранител се задржал и на проблемите со кои се соочуваа корисниците на социјалната помош.

-Се надевам дека до крајот на годината нема да бидеме исправени пред нови предизвици и дека наскоро сите ќе се вратиме во нормалните текови, и дека институциите ќе почнат да работат со полн капацитет. Ова го навестува и бројот на претставките во нашата Институција, споредено со истиот период лани кој покажува тренд на благ пораст, рече, по средбата, народниот правобранител Насер Зибери.

Зборувајќи за целта на состанокот, тој истакна „се надевам дека во иднина ќе се зајакне соработката, со чести средби на сите омбудсмани од регионот, од причина што помалку или повеќе сите се соочуваат со истите проблеми“.

-Сметам дека сите ние во наредниот период треба да работиме на зајакнување на капацитетите, како и на поголема финансиска независност. Разменета на искуствата и добрите практики помеѓу омбудсманите ќе ни биде од голема корист, изјави Зибери.

Според омбудсманот на Република Албанија, Еринда Баланца, ваквите средби одат во правец на поцврста соработка, која има за цел подигнување на степенот на заштитата на правата на граѓаните.

-Среќни сме што сме тука, што по поголема пауза организиравме состанок на главните институции за заштита на човековите права во нашите три земји. Во сите три земји од кои доаѓаме, треба многу да се стори за да се подигне степенот на заштита на овие права, па затоа свесни за овој факт, не се собравме за службен туризам, туку за да координираме еден договор кој ќе им помогне на нашите институции во Северна Македонија, Косово и Албанија да се потпрат една на друга, да се надомести неможноста на едната со искуството на другата, со што ќе им се даде на нашите граѓани еден подобар стандард за поднесување (упатување) на нивните жалби против работата на нашите власти, изјави по средбата Еринда Баланца.

Народниот правобранител на Република Косово, г. Наим Ќељај се осврна на досегашната соработка помеѓу институциите, потенцирајќи дека регионот дели слични проблеми кога станува збор за правата на граѓаните.

-Ние веќе воспоставивме традиција на соработка помеѓу трите институции. И оваа средба има за цел да продолжи во овој дух со цел да дадеме натамошен придонес кон нашата заедничка работа. Преминувајќи низ целата ситуација на пандемијата и соочени со многу предизвици, сфативме дека соработката и солидарноста се двата главни столба во општеството. Од оваа посета излеговме со неколку предлози за тоа како ќе продолжиме да ја интензивираме нашата заедничка работа. Исто така, ја искористивме средбата за да му честитаме лично на г. Насер Зибери за преземањето на функцијата Народен правобранител и да му посакаме успех во неговиот мандат, рече г. Ќељај.

извор: МИА

Next Post

Заев најави нова помош за граѓаните во ребалансот на Буџетот

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk