ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Адеми на виртуелна КОСАК конференција: Европскиот совет во јуни да ја материјализира одлуката за почеток на преговорите

May 31, 2021 17:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Арбер Адеми, учествуваше на виртуелната конференција на комисиите за европски прашања на ЕУ земјите членки – КОСАК во Лисабон, во рамки на португалското претседателство со ЕУ, при што потсети дека земјата има направено многу во однос на исполнувањето на ЕУ реформите и дека Eвропскиот совет би требало, во јуни конечно да ја материјализира одлуката за почеток на преговорите од март минатата година, преку усвојување на Преговарачката рамка и одржување на Првата меѓувладина конференција.

Адеми, како што информираат од Комисијата, имал обраќање на Првата сесија посветена на Приоритетите на португалското ЕУ претседателство, заедно со претседателите на Португалскиот парламент Едуардо Фереро Родригез и на Европскиот парламент Давид Мариа Сасоли и португалскиот премиер Антонио Каста.

Во своето обраќање, Адеми и се заблагодарил на Португалија, која како дел од Триото на претседателства, ја продолжи политиката на претходниот претседавач со ЕУ, Германија, во однос на поддршката на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Притоа, тој посебно ја истакнал поддршката и заложбите за спроведување на одлуката за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.

Во врска со отворените прашања со соседна Бугарија, Адеми истакнал дека предлогот од португалското претседателство со Советот на Европската Унија, за надминување на прашањата со соседна Бугарија, од наша страна, е оценет како добра основа за конечно решение.

Адеми, се вели во соопштението, посочил дека одолговлекувањето на проблемот не е во ничиј интерес, ниту на Северна Македонија, ниту на Бугарија, ниту пак на Европската унија, во смисла на кредибилноста и влијанието што Унијата го има во овој регион.

Во рамки на конференцијата, учесниците се осврнале и на мотото на португалското претседателство „Време е за резултати: Чесно, зелено и дигитално закрепнување“,  но и на другите приоритети и тоа на социјалните права, промоцијата на европскиот социјален модел, еднаквоста на половите и борбата против дискриминацијата.

извор: МИА
Next Post

Попладневен преглед: Предлог Законот за родова еднаквост обезбедува остварување на потполна родова еднаквост во општеството и еднакви шанси за сите, eдинствената агенда на Мицкоски е одбрана на криминалците

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk