ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хартиените документи, потврдата за вакцинацијата и ПЦР-потврдите се сосема доволни за влез во Грција, вели Филипче

May 31, 2021 15:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Хартиените документи, потврдата за вакцинацијата и ПЦР-потврдите се сосема доволни за влез во Грција. Луѓе од системот „Мој термин“ работат на една варијанта, модул, тој да се надгради и тие податоци да може да се стават во апликацијата, меѓутоа граѓаните мора да знаат дека тоа не е никаков ограничувачки фактор, дека и сегашните документи што потенцијално ќе бидат скенирани во самата апликација им се сосема доволни за влез.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека тоа е само една дополнителна алатка што европските земји ја шират мрежата на институции кои даваат соодветни документи и тоа е суштината на таа апликација. Инаку, појасни, сите наши лаборатории што се акредитирани, Министерството, во однос на вакцините, во делот на тестирањата се практично прифатени тоа е суштината на апликацијата.

Во врска со вакцините, Филипче потенцира дека сега има уште нешто помалку од 5000 вакцини кои се распределени да се даваат во новоотворените пунктови, а во сите други се прави ревакцинација.

– Оваа недела треба да дојдат 70 илјади вакцини, 50 илјади од Бугарија и 20 илјади од Грција, најверојатно вакцини на „АстраЗенека“. Се уште немаме потврда за типот на вакцини, рече Филипче и додаде дека редовно секој понеделник пристигнуваат вакцини на „Фајзер“ и се очекува да стигне голема количина вакцини, за кои се уште нема точен датум, а биле најавени за почетокот на јуни.

Тој посочи дека епидемијата спласнува, меѓутоа апелира граѓаните да останат внимателни.

– Маската е добар механизам. Се тргнува и забраната за групирање. Меѓутоа, добро е да се има предвид, да се има при рака, ако има групирање макар и надвор иако е топло, да може да користи. Истото тоа важи и за собирите дома, сите граѓани треба да се свесни дека имаме сега стабилна ситуација меѓутоа навистина никој не може да предвиди не само ние, туку каде било во светот како понатаму ќе се одвива понатаму епидемијата. Ние ги пратиме сите трендови кај нас во околните земји и така согласно тоа ги даваме препораките, додаде Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по настанот на армискиот полигон „Криволак“, каде беше организиран Ден за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“.

Next Post

Вакцинирани се вкупно 234.508 граѓани, преку веб-платформата пријавени се 431.770 лица

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk