ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Недостигаат келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи

May 31, 2021 13:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

На компаниите од угостителството и туризмот им недостига 50 проценти од потребниот кадар, пред се келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи, покажуваат резултатите  од интерната анкета што ја спроведе Стопанската комора кај големите ресторански и хотелски капацитети кои се нејзини членки од кои голем број не беа и се уште не се во функција. Официјалната статистика покажува дека е минимално намален бројот на работници во угостителската дејност, односно околу 400 лица, но анкетата покажува дека падот на бројот на вработени е од 50 до 80 отсто во зависност од објект до објект.

Во 2020 година, според Комората, овој сектор доживеа целосен крах и во првите месеци од годинава се  уште има застој. Угостителството, како што велат, до 2019 година беше една од топ три најбрзорастечки  индустрии во светот со годишен раст од над 10 отсто и во просек секој трет вработен работеше во овој сектор. Во 2020 година, пак, двете студии што ги направиле заедно со другите комори покажале дека имало пад  на прометот во угостителството и туризмот и до 80 проценти и во него се загубени речиси 20.000 работни места.

-Ковид пандемијата ги измени досегашните потреби во угостителската дејност за составот на работниот кадар кој им е потребен во процесот на работењето. Предизвикот на отворање нови работни места дефинитивно е заменет со предизвикот како да се задржат постојните и евентуално да се пополнат испразнетите места со соодветен кадар, рече Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на денешната прес-конференција.

Нагласи дека Комората во рамки не проектот Образование за вработување, што е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, подготви четири програми за двомесечни обуки за преквалификација и доквалификација за потребите  на угостителскиот кадар за слаткар, готвач, пекар и келнер.

-Програмите се модуларно дизајнирани и содржат теоретски и практичен дел, а фокусот е ставен на практичниот дел кој ќе се спроведе исклучиво во угостителски објекти од лица практичари кои се вработени таму. Со една обука можат да се  преквалификуваат од 50 до 100 лица, а доколку има заинтересираност може да се креираат и повеќе обуки во низ според потребите на компаниите, додаде таа.

Претседателката на Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора Ана Таневска Ѓорѓиевска посочи дека поради кризата дел од вработените во секторот ја променија својата професија и како што рече, станаа гипсари, монтери, таксисти, поточно поминаа во секторите транспорт и градежништво. Тоа, според неа, ја доведува во прашање позицијата на земјава како туристичка дестинација на светскиот пазар.

-Неизвесноста беше клучниот фактор за ваквите одлуки. Поради кризата хотелите пред се во градските средини, пред се во Скопје и во другите градови во државата кои не се класични туристички центри, беа целосно затворени и падот на прометот беше над 85 проценти. Поради големиот број работници што си заминаа не можеа да го остварат ни правото за поддршка на плати за последните три месеци од 2020 година, рече Таневска Ѓорѓиевска.

Искуството и праксата, како што кажа, велат дека секоја загуба на вработен значи три нови години за замена на постојниот работник и креирање на нов кадар. Поддршката од Владата, потенцира, е потребна не да се заработи, туку за да не пропаднат компаниите од секторот кои и кога немаа доволна активност задржаа голем дел од вработените. Иако е одредена поддршка со петтиот пакет, се уште не е реализирана, а особено, како што рече, им е потребна пред почетокот на новата туристичка сезона.

Next Post

Индустриското производство во април е зголемено за 46,1 проценти

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk