ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба на претставници на МНР и Агенцијата за поддршка на туризмот со прилепските стопанственици

June 1, 2021 17:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Запознавањето со туристичките и бизнис потенцијали на локалното стопанство, како и приближување и унапредување на соработката помеѓу Министерството за надворешни работи, на локалната самоуправа и на Регионалната стопанска комора, беше целта на попладневната средба во прилепската локална самоуправа, на прилепските стопанственици со претставници од МНР и од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

На средбата беа претставени можностите и капацитетите за инвестиции и извоз, кои понатаму ќе бидат составен дел од работната агенда на економските советници на Министерството за надворешни работи.

Според градоначалникот Илија Јованоски во Прилеп има доволно квалитетни индустрии кои извезуваат и секоја соработка е унапредување на извозот.

– Прилепските стопанственици имаа средба со економските советници од Министерството за надворешни работи, најмногу за Истокот и за Европа каде стопанствениците имаат најголем извоз. Најголемиот интерес за извоз останува во прехранбената, тутунската, мермерската индустија кои ги има речиси во целиот свет. Со денешната средба ја постигнавме целта за тоа како посилно да се претстават нашите компании на светските пазари за да се зголеми извозот, рече Јованоски.

Ирена Јакимоска, претседател на прилепската Регионална стопанска комора нагласи дека стопанствениците разменија корисни информации за пазарите каде извезуваат и оти ова е можност за континуитет на извозот на производи.

– Ова е проект на МНР кој го прави за промоција на нашите производи на светските пазари. Претставниците од Министерството за надворешни работи беа запознати дека извозно ориентираните прилепски стопанственици нудат квалитетни производи кои можат достоинствено да одговорат за да го застапуваат производството. За почеток ги разменивме инфирмациите, стопанствениците ги добија потребните информации од земјите кои се предмет на нивен интерес за извозот. Стана збор за промоција на извозот. За таа цел нашата држава има закупено 400 метри квадрати простор за меѓународниот сем во Дубаи во октомври каде ќе може да се презентира македонското стопанство. Извозот е главната сила на нашето стопанство, а ние како општина може да се пофалиме со компании кои добро котираат со производите на светските пазари, а достоинствено го поминаа овој период на предизвици и се тука да го продолжат континуитетот на извозот, рече Јакимоска.

извор: МИА
Next Post

Попладневен преглед: ФФМ и Сејдини забрануваат Претседателот и премиерот да им посакаат среќа на фудбалерите, повеќе од 600 деца згрижени во семејства, нема веќе нелегална наплата на охридските плажи

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk