„Јас сметам дека поголемиот дел од луѓето, еве и во Македонија и во околината бидејќи имаме слични проблеми, и комшииве наши и ние а и они со нас, дека живеат сосема мирно и без многу внимание на тоа кој е, што е и како е, и дека овие вештачки бариери кои се поставени се вештачки и се политички или националистички, ама национализмот во крајна линија е политика.
Така што мислам дека обичниот народ, обичниот свет, јас живеам во Бутел 2 во разнородна средина каде што има од секакви националности, етницитети и од различно образование итн. Никогаш апсолутно не сме имале проблеми со комшиите, така што сметам дека луѓето имаат природна тенденција за едно мирно живеење, за добрососедство, за не гледање на разлики, нормално секогаш има исклучоци и сметам дека тие вештачки бариери не зависат од нас. Мора за жал да дојде до едно освестување поголемо. Еве ако велиме дека тие бариери се политички а политиката зависи од гласачите, т.е од граѓаните, граѓаните ќе мора да научат еден ден да бираат што прават, за кого гласаат во крајна линија, дали за тие кои воведуваат поделби или за тие што воведуваат заедништво. Јас наивен сум, верувам во доброто на луѓето дека во крајна линија доброто ќе победи“ додаде Ванчо Орданоски, сопственик на бизнис во ИТ секторот на на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Можеме ли заедно?“