ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тетовско здивна од Ковид-19, затворени ковид одделенија, нови позитивни случаи сè помалку

June 3, 2021 20:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се помалку заразени, починати и хоспитализирани лица од КОВИД 19 во тетовско, регион кој беше еден од најпогодените од пандемијата. Сега на дневна основа има до петнаесетина пациенти суспектни на вирусот, по неколку позитивни случаи, а за изминативе десет дена има еден починат пациент од корона вирус.

„Добра е сликата и со хоспитализираните пациенти. Моментално во Ковид центарот имаме 6 лица кои се лекуваат од корона вирус, 5 од нив се на кислородна поддршка и сите имаат коморбидитети. Се надевам дека и овие пациенти ќе завршат добро, односно ќе се излекуваат и ќе бидат пуштени на домашно лекување. Ова е убава вест за сите, ако знаеме дека имавме повеќе Ковид одделенија каде се лекуваа позитивни на вирусот и до четириесетина лица и голем дел од нив завршуваа фатално. Сега е добро, се затворија Ковид одделенијата само остана едно, кое е сместено на едниот кат од интерното одделение“, рече д-р Гзим Нуредини координатор на Ковид центарот при Клиничката болница Тетово

За разлика од ноември, вирулентноста на вирусот изминативе неколку месеци беше застрашувачка“, додава д-р Нуредини.

„Ние во ноември имавме ситуација кога едно позитивно лице на вирусот ќе добиеше тешки симптоми, но можеби за десетина дена до две недели, тие симптоми ги добиваа претежно болни лица кои имаа други коморбидитети.Но, изминатиов период имавме случаи кога едно лице добива тешка клиничка слика за само неколку дена откако ќе му се дијагностицира вирусот, дали имавме некои нови соеви, дали се работеше за нешто сосема друго, тоа други експерти треба да утврдуваат и проучуваат, наше е да ги лечиме пациентите и да апелираме да се внимава, затоа што вирусот е се уште тука, тој не си заминал“, рече д-р Нуредини.

„Која беше причината за силината на вирусот, неговата вирулентност кој одзеде многу човечки животи можеби образложението треба да се бара во студијата од техничкиот факултет во Минхен еден од најпрестижните во светот“, вели специјалистот по хигиена и здравствена екологија д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје Тетово.

д-р Ратко Давидовски/Фото: Зоран Димовски, Фронтлајн

Се работи за истражување и анализа која покажала дека вирусот Ковид-19 во комбинација со поленот кој го има во пролетниот период кога силината на вирусот беше алармантна, резултира со тешка клиничка слика кај пациентите.

„И тоа не се работи за пациенти со коморбидитети, туку за здрави пациенти каде поленот во комбинација со Ковид-19 дава бурна реакција кај пациентите. Ова истражување може да го земеме како веродостојно, затоа што се работи за еден од трите најпрестижни универзитети во светот за вакви истражувања. Испитувањето се вршело во 31 земја на 131 мерно место на илјадници испитаници, и заклучокот е тој. Затоа носењето на маски е многу добра препорака и старите епидемиолози секогаш велеа носете маски кога има вируси и тие го практикуваа носењето маски за заштита од разни вируси“, истакна д-р Давидовски.

Нуредини и Давидовски се надеваат дека овој позитивен тренд на сè помал број заразени, хоспитализирани и починати лица од Ковид-19 ќе продолжи и понатаму , но сепак се зависи од процесот на имунизација и се разбира од совеста, односно дисциплината на граѓаните.

Зоран Димовски

Next Post

Вечерен преглед: Струга ќе ги „депортира“ питачите од другите градови, владата исполнила 93,5 отсто од критериумите за транспарентност

НАЈНОВО

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025

Адеми: Не е точно дека Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката

October 24, 2025
Скриншот

Такаичи: Јапонија не се откажува од мировниот договор со Русија

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk