ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Димковски: Новите повици на МЗШВ и АФПЗРР се нова шанса за модернизирање на домашните бачила

June 4, 2021 14:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска ја посетија фармата „Агро Емини ДООЕЛ“ во селото Доленци, битолско која има успешно реализиран проект преку програмата за рурален развој.

За време на посетата на битолско Доленци, Димковски, истакна дека ваквите проекти се доказ дека  политиките  кои се сппроведуваат даваат резултати. Двата нови повици кои се објавени денеска, се дел од стратешкиот план за развој и подобрување на сточарството.

-Се надевам дека средствата наменети за сточарското производство, ќе бидат дополнителна мотивација кај сточарите, да ги обновуваат своите стада со набавка на говеда, овци и кози со висок генетски потенцијал како и да се поддржат овчарите преку субвенционирана плата, но и да се подобрат условите на пасиштата.  Вложуваме не само во обновување на стадата туку и во развој и обновување на пасиштата. За таа цел, минатата година нашите пасишта за прв пат добија струја. Беа распределени 50 фотоволтаични панели низ целата држава, како и 150 метални водопоила, истакна заменик министерот во МЗШВ Димковски и појасни дека новите повици се нова шанса за модернизирање на домашните бачила, а сите заинтересирани можат да доставуваат документи до 4-ти јули.

Апликациите за набавка на педигриран добиток се поднесуваат електронски на  www.ipardpa.gov.mk а на веб страната на АФПЗРР, може да се употреби и целата потребна документација како и Упатството за корисници.

–Сите заинтересирани, ќе можат да аплицираат за  набавка на   високостелни педигрирани јуници за млеко, месо, со исклучок на расата Буша, како и педигрирани приплодни грла на овци и кози од признаени организации на одгледувачи. Право на користење на средства имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар за земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно законот за земјоделство и рурален развој. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник е 6.5 милиони  денари, a повратот на средства се врши по претходно потпишан и реализиран проект, односно по потпишан договор и набавен добиток. Паралелно, од денес тече и повикот за субвенционирана плата за овчарите. Максималната финансиска поддршка е до 360.000 денари по лице, за не повеќе од 20 вработени, истакна директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.

Во селото Доленци присустуваа и претставници на подрачната единица на МЗШВ со седиште во Битола. 

извор: МИА

 

Next Post

Османи се сретна со младите аналитичари од тинк-тенк заедницата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk