ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Истражување: Само 28 проценти од компаниите се дигитално зрели

June 4, 2021 11:39
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Само 28 проценти од компаниите во нашата земја се дигитално зрели, 42 отсто се компании со средна дигитална зрелост, а 30 проценти се компании со ниска дигитална зрелост, покажува истражувањето за дигиталната зрелост на малите и средни компании на Македонски Телеком, во соработка со ИПСОС.

Во однос на дејноста, истражувањето покажува дека компаниите од областа на градежништво се со најголем, a компаниите од областа на малопродажба се со најмал удел во дигитално зрели компании.

Ова е први истражување од ваков тип во нашата држава и е спроведено на репрезентативен примерок од 530 компании.

Целта на истражувањето, како што информираат од Македонски Телеком, е да се види реалната слика, а податоците ќе се искористат да им се помогне на малите и средни бизниси успешно да се дигитализираат. Со анализата е опфатено колку македонските компании ги практикуваат дигиталните сегменти: онлајн комуникација, онлајн маркетинг, безбедносни услуги, доверливи услуги, користење на софтвер и серверски услуги и колку тие се свесни за нивната важност како услов за деловен развој.

– Во земјава големите компании имаат многу повисок дигитален индекс (ниво на користење на дигитални услуги), што не е случај со малите и средни компании. Дури 37 проценти од компаниите со 1-9 вработени не практикуваат дигитални алатки, 93 проценти од нив не овозможуваат онлајн плаќања за своите корисници ниту пак користат онлајн заштита. Истражувањето покажа дека  голем број компании од овој сегмент сѐ уште немаат своја веб-страница, профили на социјалните платформи, ниту пак се грижат за безбедноста на податоците, се вели во соопштението од Македонски телеком.

Спротивно на нив, дигитално зрелите компании, благодарејќи на употребата на дигитални алатки, поуспешно се справиле со Ковид кризата и побрзо се вратиле во нормала, а имале и помал пад на приходите.

Според главниот комерцијален директор за деловни корисници, Гоце Митевски, дигиталните алатки се неопходни за бизнисите, а нивниот трансформативен ефект најмногу дојде до израз во време на пандемијата на Ковид-19.

– Наша одговорност како лидер за дигитализација не е само да понудиме услуги, туку и да поттикнеме што е можно поголем опсег на дигитална трансформација. Оттаму и идејата да го спроведеме истражувањетои да им понудиме на малите и средни бизниси период на користење на нашите дигитални услуги без надомест, како и едукација преку вебинари и така сите заедно да работиме на дигиталната зрелост којашто е предуслов за успех на бизнисите денес, изјави Митевски, се вели во соопштението.

Дигитално зрелите компании, покажува истражувањето, користат комбинацијата од повеќе дигитални канали како што е веб страница на компанијата (98%) и социјалните медиуми (100%).

Онлајн комуникацијата со корисниците преку социјалните медиуми е присутна кај 60% од дигиталните компании, додека пак 48% користат веб форми за комуникација со корисниците. Околу 90% од нив користат софтверски алатки во секојдневното работење, а 69% имаат сервери за хостирање на веб страници , е-пошти, складирање на податоци или бази на корисници.

Резултатите од истражувањето се презентираа на првиот вебинар од серијата вебинари – „Дигитализација, сега!“ за вистинските чекори за дигитална трансформација на малите и средни претпријатија.

Од Македонски Телеком, исто така, информираат дека на малите и средни компании им нудат период на користење на дигиталните услуги без надомест со цел подобро да се запознаат со услугите, нивното едноставно функционирање и потенцијалот којшто тие го нудат за успешен бизнис.

извор: МИА

Next Post
Фото: МИА

Пладневен преглед: Можни се нови олеснувања на мерките, угостителите и музичарите побараа од Владата укинување на дел од точките во протоколот, како националистите го растураат општеството

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk