ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пуштени првите 23 километри од експресниот пат Штип-Радовиш

June 4, 2021 14:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првата делница од експресниот пат Штип-Радовиш во должина од 23 километри денеска е пуштена за сообраќај.

На делницата се изградени четири клучки: Штип -Југ, клучка Долани, Лакавица и клучка Бучим. Изведени се седум натпатници и потпатници, како и 11 мостови од кои еден е со должина од 322 метри. Коловозот е со ширина од 12,5 метри.

Премиерот Зоран Заев нагласи дека отворањето на овој експресен пат е историски момент за сите граѓани од Штип, Радовиш и Струмица, но и од цела Источна Македонија, бидејќи, како што кажа, времето за патување двојно се скратува. Првата фаза, рече тој, е завршена на 22 април годинава, пред предвидениот рок, во услови на пандемија.

– Во рок од три години, согласно предвидената динамика добивме завршен проект по сите европски правила за подигнување на нивото на безбедноста во сообраќајот и изградба на експресниот пат по најсовремените стандарди. Во последните 30 години ова е единствениот пат завршен пред предвидениот рок и верувам дека овој тренд на прецизност, висока професионалност и без никакви проектни и градежни отстапувања ќе се следи и во иднина, рече Заев.

Верува дека втората фаза ќе биде пуштена во употреба во септември 2022 година. Вкупната проектирана должина за комплетниот експресен пат ќе изнесува 40,46 километри, а вкупната вредност е околу 60 милиони евра. Најави дека следат големи инвестиции во патната инфраструктура во вредност од 1,6 милијарди евра на ниво на целата држава.

Министерот за транспорт Благој Бочварски истакна дека експресниот пат Штип-Радовиш е ново модерно решение во вкупната патна мрежа на државата. Овој експресен пат, нагласи, е пример како се гради квалитетно и навремено, притоа применувајќи ги најсовремените системи за задржување на возилата и изградба на објектите на целата траса согласно Европските стандарди за оваа категорија на патишта.

Бочварски потенцираше дека интензивно се работи и на изградба на втората фаза од експресниот пат делниците од клучка Три чешми до Штип-Југ како и делница од Бучим до Радовиш. -Очекуваме оваа делница комплетно да биде завршена до средината на следната година. Овој експресен пат е дел од државната А4 рута, започнувајќи од Граничен премин Блаце, преку обиколницата Скопје и новиот автопат до Штип, и преку овој експресен пат се поврзуваме со соседна Бугарија. На тој начин добиваме брза патна врска по целиот Југоисточен регион, рече Бочварски.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми рече дека патот е квалитетно изведен согласно најновите и највисоките европски стандарди. Заради подобро поврзување со блиските населени места, како што информира, на експресниот пат изградени се 40 објекти за премостување, односно четири клучки, седум натпатници и потпатници, 11 мостови и вијадукти за полесен пристап на граѓаните.

Шефот на Европската банка за обнова и развој за Северна Македонија, Андри Аранитаси информира дека Банката обезбедила кредит од 64 милиони евра на ЈП за државни патишта за финансирање на подобрувањето на 39 километри од националниот пат А4. Зафатот, како што посочи, вклучи реконтрукција и проширување на веќе постоечкиот пат со цел да обезбеди две коловозни ленти со широчина од 3,5 метри, како и ленти за застанување со широчина од 2,2 метри.

– Банката активно работи на озбезбедување финансиска поддршка за проекти за новите патишта, како проектите Кичево – Букојчани, дел од коридорот 8 и автопатот Скопје – Блаце, рече Аранитаси.

извор: МИА

Next Post
ФОТО: МИА

Музичарите побараа укинување на забраната за настапи во угостителски објекти

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk