ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Не правиме нов договор со Бугарија, се бараат формулации за преговарачката рамка со ЕУ

June 4, 2021 15:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев, во одговор на новинарски прашања за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека се водат тајни преговори со Бугарија, и дали опозицијата е запознаена со разговорите, изјави дека не се преговара за нов договор со Бугарија, туку се бараат формулации за преговарачката рамка со ЕУ. Повтори дека не се преговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

-Ние немаме преговори, ниту пак правиме нов договор со Бугарија, се бараат формулации за делот на преговарачката рамка што ја носи Европскиот совет, значи одлуката е таму, не се одлучува нешто во Бугарија или во Северна Македонија, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на првиот дел од експресниот пат Штип – Радовиш.

Повтори дека предлогот на кој се разговара во европските институции билатерално помеѓу двете земји е португалскиот и оти првичните реакции од бугарска страна не се негативни.

-И од наша страна рековме дека е добра основа и да му дадеме шанса на процесот затоа што за нас е важно тоа што го сфати цела ЕУ, а гледам го сфаќа и пријателска Бугарија – македонскиот јазик и македонскиот идентитет се неприкосновени и за нив нема никакви разговори. Ова го соопштивме јавно, секаде и на сите состаноци во Брисел – додека е на маса или некој има намера да го стави на маса, за разговори и преговори, македонскиот јазик и македонскиот идентитет ние не преговараме. А сега гледате дека разговараме, значи ова прашање е тргнато на страна, рече Заев.

Дополни дека неодговорните статуси на Фејсбук од страна на опозицијата и коментарите во јавноста, не и носат добро на државата, потенцирајќи дека државата мора да чекори напред и да наоѓа решенија.

-Сме кажале дека е заедничка грижата за нашиот јазик и нашиот идентитет. Португалскиот предлог го имаат и опозициските партии, тоа сум сигурен и знам дека е така, драго ми е што не излегуваат детално да го коментираат, затоа што може да се нанесе штета, затоа што се уште се разговара за предлогот, но дефинитивно јас ве уверувам дека нема нешто кое што би го загрозило нашиот интерес, односно може само да ја гарантира нашата европска иднина. За други дебати секогаш сум на располагање, а штом ќе заврши оваа фаза на разговори јас стојам на располагање да излезам на дебати со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев.

Во однос дали ја прифаќаме декларацијата на бугарското Собрание, со одговор дека не ја прифаќаме, повторувајќи дека португалскиот предлог води грижа и внимание и за двете страни и оти се надева на можно решение, без, како што рече, да ги подгрева очекувањата, бидејќи Бугарија има се уште техничка Влада.

-Навистина една неправда од 16,5  години чекање со кандидатски статус, тоа треба да е прво грижа на ЕУ, затоа што нашиот Западен Балкан нема друга алтернатива освен ЕУ. Ние продолжуваме со нашата европеизација, но би било добро и чесно да го одржат зборот – ни ветија и треба да испорачаат. Јас очекувам 22 јуни е првиот мегдан, следниот е септември, два три месеци разлика тоа да се реши. Затоа што имаме многу други предизвици, мора да почнеме со скринингот на целото законодавство, веднаш после тоа да ги отвориме првите поглавја, ќе гледаме како ни се европеизира државата, тоа е наша децениска тенденција што сме должни да ја оствариме, вели премиерот.

Заев апелираше до бугарските раководни структури, да го продолжат тоа што го испратија како порака дека се за поддршка на европеизацијата на С Македонија и на целиот Западен Балкан, изразувајќи надеж дека ќе остварат меѓусебен контакт со техничкиот премиер на Бугарија, Стефан Јанев. 

извор: МИА

Next Post

Малезија е загрижена поради ширењето на Ковид-19 меѓу децата

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk